Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тутунскиот комбинат Прилеп на 18 ноември започнува со откуп на тутун
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Тутунскиот комбинат Прилеп на 18 ноември започнува со откуп на тутун
ЕКОНОМИЈА

Тутунскиот комбинат Прилеп на 18 ноември започнува со откуп на тутун

Објавено November 14, 2025 17:13
Сподели
Сподели

На 18 ноември Тутунскиот комбинат Прилеп започнува со откуп на тутун од годинашната реколта. На денешната прес конференција директорот Александар Алексовски посочи дека како откупна компанија, во државна сопственост, подготвени се за старт на откупот на тутунот од годинашната реколта.

– На 18 , вторник, ќе бидат отворени 34 откупни места со 37 регистрирани ваги. Договорени се 2,3 милиони килограми тутун, за што се обезбедени и финасиските средства. Годинава планираме за 35 проценти повеќе да откупиме тутун во однос на ланската сезона. Цените се дефинирани. За прва класа 420 денари, 360 за втора и 300 денари за трета класа. Она што е многу важно е дека доколку во текот на откупот на тутунот се зголемат цените, на тутунарите ќе им бидат дополнително исплатени од наша страна. Динамиката на плаќање останува како и лани – двапати неделно, вторник и петок, бидејќи се покажа добра пракса и затоа повторно така ќе одиме – рече директорот Алексовски.

Според него, годинашниот род на тутун е со одличен квалитет, што го потврдуваат не само тутунарите, од Сојузот на тутунски здруженија, туку и експертите. Проблем би имало со подоцнежниот собран тутун, кој нема да има доволен квалитет, како другиот.

Запрашан за проценката на класи, директорот на Тутунски комбинат Алексовски истакна дека е една од мерките за стимулирање на подобро производство на тутун. И откупните претпријатија и тутунарите ја оценуваат како позитивна мерката на Владата за забрана за откуп на тутун од страна, со што тутунарите ќе бидат дополнително заштитени, односно прво ќе се откупи домашното производство.

Инаку, Тутунскиот комбинат, рече на денешната прес конференција директорот Александар Алековски, годинава имал позитивна добивка, остварена во рок од една година.

-Моментно немаме заостанат тутун, целосно е продаден ланскиот откупен тутун. Остваруваме и зголемено произвсдство на цигари за 35 проценти што е позитивно за компанијата – вели Алексовски, потенцирајќи дека моментно има 360 вработени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници
Следна Статија ФЗО одбележа 25 години од основањето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ворен Бафет отсекогаш следел неколку принципи при создавањето на богатството вредно 133 милијарди долари

Кога станува збор за мудро финансирање, финансискиот свет секогаш се потпира на еден човек - Ворен Бафет (95). Што го…

September 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јавниот долг по подолг период е намален и процентуално и во апсолутна бројка

Јавниот долг по подолг период е намален не само процентуално, туку и во апсолутна бројка, изјави министерката за финансии Гордана…

May 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: За изградба на делницата Дреново – Фариш до Прилеп буквално е преместена планина

Навистина е големо задоволство што ова лето граѓаните од тиквешкиот регион, од Прилеп, од Битола, од Ресен, од Могила, од…

June 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Северно Море доживува најлошa година од 1970-тите, инвеститорите замрзнуваат вложувања

Истражувањето паѓа на најниско ниво откако нафтата и гасот беа откриени во британскиот базен пред 60 години

December 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?