Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсена поранешната шефица на дипломатијата на ЕУ Фредерика Могерини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Уапсена поранешната шефица на дипломатијата на ЕУ Фредерика Могерини
СВЕТ

Уапсена поранешната шефица на дипломатијата на ЕУ Фредерика Могерини

Објавено December 2, 2025 16:35
Сподели
Сподели

Поранешната шефица на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, беше едно од трите лица уапсени од белгиската полиција во вторник, во рамките на обемна истрага за измама околу финансирањето на академијата во Бриж за млади дипломати, изјавија две лица запознаени со истрагата за „Еурактив“ и нејзиниот партнер „Де Стандард“.

Белгиската полиција изврши рации во дипломатската служба на ЕУ, Колеџот на Европа и во приватни домови како дел од истрагата за наводна злоупотреба на средствата на ЕУ, според луѓе запознаени со истрагата и сведоци.

Портпаролот на Колеџот, каде што Могерини е ректор од 2020 година, рече дека не знае дали таа е уапсена и одби да даде понатамошен коментар. Могерини ја водеше Европската служба за надворешни активности (ЕЕАС) од 2014 до 2019 година и е директорка на Академијата од 2022 година.

Друг вработен во Колеџот на Европа, вклучен во одделот за извршно образование, исто така беше приведен, велат изворите.

Високиот функционер на Европската комисија, Стефано Санино, исто така беше приведен. Санино претходно беше генерален секретар на ЕЕАС под Могерини, во периодот кога беше создадена Дипломатската академија. Тој моментално е генерален директор на одделот на Комисијата за Блискиот Исток, Северна Африка и Заливот.

Комисијата потврди дека полицијата била присутна во вторник во зградите на ЕЕАС, и дека ова е дел од тековната истрага за активностите спроведени за време на претходниот мандат, но од таму одбија да дадат дополнителни информации, бидејќи истрагата е во тек.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јенот се зголемува, а обврзниците паѓаат по сугестиите на гувернерот на Банката на Јапонија за зголемување на каматните стапки
Следна Статија Почнува да се гради нови детска градинка во Ѓорче Петров

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Најмалку 400.000 луѓе присуствуваа на погребната церемонија на папата Франциск

Најмалку 400.000 луѓе присуствуваа на погребот на папата Франциск денеска, собрани на плоштадот „Свети Петар“ и по улиците на Рим,…

April 26, 2025
СВЕТ

Трамп го обвини кинескиот претседател дека со Путин и Ким Џонг-ун прават заговор против САД

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини својот кинески колега Си Џинпинг дека заговорнички делува против САД заедно со рускиот лидер…

September 3, 2025
СВЕТ

Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се предвидуваат казни до 5.500 евра (500.000 рубли) за продажба на енергетски…

June 7, 2025
СВЕТ

Маск ја лансира Грокипедија

Илон Маск и неговата компанија xАИ ја лансираа Грокипедија, најавувајќи ја на почетокот на октомври како конкурент на онлајн енциклопедијата…

October 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?