Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсени двајцата возачи што удрија пешаци во Скопје, автомобилите одземени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Уапсени двајцата возачи што удрија пешаци во Скопје, автомобилите одземени
ХРОНИКА

Уапсени двајцата возачи што удрија пешаци во Скопје, автомобилите одземени

Објавено March 28, 2025 10:02
Сподели
Сподели

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 45-годишниот И.С. од Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 21.50 часот во Скопје, на крстосница од улицата „Адем Демачи“ со улицата „Методија Митевски“, со патничко возило „фиат“ со скопски регистарски таблички удрил во пешакот А.А.(57) од Скопје.

Пешакот е пренесен за укажување на лекарска помош во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Известен е јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје И.С. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено за понатамошна постапка.

Исто така, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 52-годишниот Б.Х. од Република Турција, со живеалиште во Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 17.30 часот во Скопје, на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ со ул.„Мирче Ацев“, со патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски таблички удрил во Л.М.(48) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М., констатирани во ГОБ „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот е задржан во полициска станица, а возилото е одземено за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шверцери пренесувале седум тони кокаин во нарко подморница што сами ја направиле (ВИДЕО)
Следна Статија (Видео) Шокантен пораз на Лејкерси во Чикаго – Испуштија предност од пет поени за само 13 секунди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Лажни дојави за бомби во две средни училишта во Скопје

Утрово две скопски средни училишта добиле пораки на мејл дека во нивните згради била поставена експлозивна направа. Од МВР го…

April 8, 2025
ХРОНИКА

Продолжен притворот за нови 48 часа на сите четворица опфатени со постапка за пожарот во Трубарево

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО – Скопје, донесе одлука со која…

September 17, 2025
ХРОНИКА

На скопјанец му се губи трага, откако тргнал за Австрија – МВР истражува

22-годишник од скопско Батинци пријавил дека неговиот вујко кој се упатил за Австрија на 21.10.2025 не бил достапен на телефон.…

October 23, 2025
ХРОНИКА

Кривична за поранешниот градоначалник на Струмица и уште пет лица

Полицијата поднесе кривична против поранешниот градоначалник на Општина Струмица Костадин Костадинов и уште пет лица за злоупотреба на постапка за…

December 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?