Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсени двајца полицајци од Кичево – учествувале во кражбата на 18 килограми злато во Гостивар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Уапсени двајца полицајци од Кичево – учествувале во кражбата на 18 килограми злато во Гостивар
ХРОНИКА

Уапсени двајца полицајци од Кичево – учествувале во кражбата на 18 килограми злато во Гостивар

Објавено October 27, 2025 15:43
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои се осомничени дека како соизвршители учествувале во извршувањето на кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, на 10 октомври, заедно со други засега непознати лица, влегле во златарница во Гостивар и со сила и закана со огнено оружје одзеле 18 килограми злато. Двајцата осомничени се полициски службеници од ОВР Кичево, кои се договориле и направиле план за грабежот заедно со другите лица за кои интензивно се преземаат дејствија за пронаоѓање. Осомничените учествувале во подготовките со извиди на локацијата и на работата на златарницата два дена пред грабежот. На самиот ден, тие со службено возило на МВР го обезбедувале патот на двете возила искористени за грабежот во Гостивар, од кои едното потоа било пронајдено запалено на магистралниот пат Гостивар-Дебар, додека другото било пронајдено напуштено во Кичево, во близина на сточниот пазар.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, бидејќи постои опасност од бегство, можност да ја попречуваат постапката со прикривање на доказите и со влијание врз сведоците, како и опасност да го повторат делото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЈОРМ потврди: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад
Следна Статија (ВИДЕО) Мицкоски: Се сретнав со Касами

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Се заканувал дека ќе ја убие 4 годишната ќерка, му пречело што детето земало играчки – Поднесено обвинение за таткото од Драчево

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје целосно ја заврши постапката, ги прибра сите докази и до Основниот суд во…

June 26, 2025
ХРОНИКА

Уапсена професорка на универзитетот во Штип за мито од 300 евра

Професорка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е лишена од слобода под сомнение дека побарала и примила поткуп од студент…

June 30, 2026
ХРОНИКА

Утрово тежок судир кај Росоман, едно лице загина на лице место

Едно лице загинало на лице место, а три се тешко повредени во сообраќајка што се случила утрово околу 9 часот…

November 5, 2024
ХРОНИКА

Среде Скопје пукале во малолетник

На 14.03.2025 во 15.39 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар, едно…

March 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?