Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсени полицајци – дозволиле студенти од Турција нелегално да престојуваат во земјава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Уапсени полицајци – дозволиле студенти од Турција нелегално да престојуваат во земјава
ХРОНИКА

Уапсени полицајци – дозволиле студенти од Турција нелегално да престојуваат во земјава

Објавено May 22, 2025 18:31
Сподели
Сподели

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, денеска (22.05.2025) извршија претреси на 12 локации во Скопје, Штип, Граничниот премин Долно Блаце и Регионален центар за гранични работи Север. Притоа се приведени 11 лица, а за две лица се преземаат мерки за нивно пронаоѓање.

Постапувајќи по кривичната пријава, јавниот обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица, од кои осум полициски службеници. За три лица постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, две лица сториле продолжено кривично дело „примање поткуп“, додека на петмина им се става на товар дека сториле по едно кривично дело „давање поткуп“, на едно лице дека ја злоупотребило својата службена положба и овластување и сторило кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, едно лице сторило кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и едно лице сторило кривично дело „фалсификување исправа“.

Според содржината во диспозитивот на наредбата, осомничените физички лица од месец јануари до месец април годинава во Штип, со искористување на своето претпоставено влијание врз осомничените полициски службеници од ГП Блаце и инспектори од Секторот за странци во Штип, со кои имале претходно воспоставени пријателски односи, во најмалку четири наврати овозможиле на најмалку пет странски државјани кои незаконски престојувале во РМ непречено да го регулираат својот престој.

Осомничените физички лица за определена награда посредувале и преземале дејствија со цел турските државјани чиј рок за одобрен престој заради студирање им бил истечен, да се стекнат со дозвола за одобрен привремен престој во РМ. Осомничените полициски службеници прифаќајќи го влијанието од посредниците, со намера да прибават за себе имотна корист, ги пречекориле границите на своите службени овластувања и не ја извршиле својата службена должност. Имајќи предвид дека незаконскиот престој согласно одредбите од Законот за странци е прекршок за кој е предвидена прекршочна санкција – глоба во износ од 50 до 250 евра во денарска противвредност, осомничените го оштетиле и буџетот на РМ.

Јавниот обвинител имајќи ги предвид околностите, оцени дека се исполнети условите и до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе поднесе предлог за определување на мерката притвор за петмина осомничени, додека за осум лица предлог за определување мерки на претпазливост.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска-Давкова зборуваше со Зеленски: Најавен Самит „Украина – Југоисточна Европа“
Следна Статија Ќе се намалуваат увозни царини на 70 производи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Поведена постапка против 24-годишникот за тешката сообраќајка во Скопје во која загина мотоциклист

Поведена е постапка против 24-годишниот возач за тешката сообраќајка што се случи синоќа на ул.„Ацо Шопов“ во Скопје во која…

March 15, 2025
ХРОНИКА

(ФОТО) Одземени 10 возила поради предизвикување голема бучава и „диви трки“ во Скопје

На 06.04.2025 во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Трета македонска бригада“, се одвиваат т.н. диви трки со патнички…

April 6, 2025
ХРОНИКА

Поднесено обвинение за предметот „Адитив“ против 31 лице и пет компании

Случајот „Адитив“ за местење тендери во РЕК Битола и РЕК Осломеј, оди кон разрешница. Многу звучни имиња беа предмет на…

February 27, 2025
ХРОНИКА

Полицијата го реши убиството на Буњаку на паркингот во Чаир: Седум лица добија кривични

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ и…

March 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?