Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсено е лице што за време на натпреварот во Куманово се обидело да внесе транспарент со навредлива содржина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Уапсено е лице што за време на натпреварот во Куманово се обидело да внесе транспарент со навредлива содржина
ХРОНИКА

Уапсено е лице што за време на натпреварот во Куманово се обидело да внесе транспарент со навредлива содржина

Објавено August 5, 2025 21:12
Сподели
Сподели

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово денеска лишија од слобода триесетгодишен кумановец што се сомничи дека за време на полувремето на кошаркарскиот натпревар во Куманово се обидел да внесе транспарент со навредлива содржина, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

По расчистувањето на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.

Според МВР, во врска со кошаркарскиот натревар што се одржа на 02.08.2025 година во Спортската сала во Куманово, во полициска станица се повикани неколку осомничени лица со кои е извршен службен разговор.

По извршени анализи во координација со Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово, против инволвираните лица ќе бидат преземени конкретни законски мерки, вклучително и кривични постапки.

Од МВР апелираат до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат спортистите миленици, но да навиваат спортски, исклучиво во спортски дух, без говор на омраза, без какви било навреди по лична, етничка, верска или која друга припадност што не соодветсвува на спортски натпревари и е спротивно на законот.

„Полицијата ќе биде крајно ригорозна по однос на какви било нарушувања на јавниот ред и мир, односно какви било навредливи скандирања врз база на национална, етничка или верска припадност ќе бидат најстрого санкционирани, без никаква толеранција“,се вели во соопштението од полицијата.

Само спортско навивање, според МВР, може да ни донесе успеси, победи и спортски радости.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Израелски медиуми: Нетанјаху ќе предложи целосна окупација на Газа
Следна Статија Националистички скандирања за Голема Албанија и Илирида за време на натпреварот Шкендија-Карабах

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Запален автомобил на политичар во Битола, огнот зафатил уште две возила | ФОТО

Ноќеска на паркинг во Битола запалено е возило на поранешниот кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ, Христо Кондовски. Огнот…

May 20, 2025
ХРОНИКА

Брутален напад во Орешани: Тепале маж до безсознание поради сомнеж за кражба на лубеници

Двајца мажи на возраст од 39 и 31 година се осомничени за брутален напад врз маж кој, според нив, украл…

July 26, 2025
ХРОНИКА

Почина Александар Карадаковски, управителот на дискотеката Пулс во Кочани

Трагедијата од Кочани ја зема и 60-тата жртва. Почина Александар Карадаковски, кој што бил управител на МММ Кафе дооел, кој…

April 4, 2025
ХРОНИКА

За долг од 80 000 земале над 700.000 денари, приведени татко и син од Кавадарци

Две лица од Кавадарци се приведени поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи…

November 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?