МВР објави дека вчера е уапсен наставник од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје поради вознемирување на 18-годишна ученичка од која барал да имаат сексуални односи.
„Полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачјето на Општина Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25 февруари до 2 март вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи“, соопшти МВР.
Оттаму додаваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.