Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсен скопјанец кој ја принудувал малолетната ќерка да питачи во Дебар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Уапсен скопјанец кој ја принудувал малолетната ќерка да питачи во Дебар
ХРОНИКА

Уапсен скопјанец кој ја принудувал малолетната ќерка да питачи во Дебар

Објавено July 11, 2025 16:39
Сподели
Сподели

Во рамки на засилените контроли за сузбивање на појавата на питачење, полициските службеници во Дебар приведоа жител на Скопје, кој ја принудувал малолетната ќерка да питачи.

– Вчеравечер во 20:40 часот, лишен од слобода е С.Р.(30) од скопската населба Шуто Оризари. Тој се сомничи дека го сторил казненото дело „Запуштање и малтретирање дете“ бидејќи ја присилил неговата малолетна ќерка да врши питачење на главната улица „Елена Ѓика“ во Дебар каде биле затекнати од полициските службеници, информираше портпаролот на Секторот за внатрешни работи – Охрид, Стефан Димоски.

За настанот, рече, известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Дебар, а по неговото целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во средината на минатиот месец, дебарското Одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против мајка и баба поради принудување малолетно лице да питачи. Кривична пријава беше поднесена против Н.М.(28) од Струмица и нејзината мајка Д.Д.(57) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете”.

Појавата на питачење по улиците на Дебар е честа појава, посебно пред и за време на верски празници, како и во летниот период кога во родниот крај масовно престојуваат печалбарите. Питачи, деца и возрасни, најмногу има од Прилеп, Гостивар и Велес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Спремете се за Ноле, поддршка му даде и Моника Селеш
Следна Статија Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

75-годишна жена загина по удар на комбе, возачот побегнал, па бил најден

Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи Неготино вчера го пронашле и привеле Д.С. (55) од селото Пепелиште,со кој е…

December 5, 2024
ХРОНИКА

42-годишен битолчанец грабнал девојка и ја тепал во викендичка

Жител на Битола доби кривична пријава откако киднапирал 24-годишна девојка ја одвел во негова викендичка во околината на градот, каде…

October 25, 2024
ХРОНИКА

За мајката на која ѝ пукна водењакот кога дозна дека сопругот е почина, за полицајците кои миеле повредени и менувале инфузии…

Kружи вирален статус за вистинските херои од Кочани. Велат: „Нешто што нема да го прочитате и видите на друго место,…

March 27, 2025
ХРОНИКА

Лажна дојава за бомба на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој…

August 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?