Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсен тинејџер – Упатил смртни закани до Мората и неговото семејство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Уапсен тинејџер – Упатил смртни закани до Мората и неговото семејство
СПОРТ

Уапсен тинејџер – Упатил смртни закани до Мората и неговото семејство

Објавено June 25, 2025 08:44
Сподели
Сподели

Шпанската полиција го лоцира и уапси навивач кој им се закануваше со смрт на шпанскиот репрезентативец Алваро Мората и неговото семејство откако промаши пенал во финалето на Лигата на нации.

Станува збор за 19-годишник од Малага.

Како што беше утврдено, тој испраќал закани од својот профил на социјалните мрежи до Мората и членови на неговото семејство, дури и до децата, веднаш по финалето во кое Шпанија, по изведување на пенали, беше поразена од Португалија.

Пораките ја вознемирија јавноста, брзо стигнаа осуди против навивачот, кој два дена подоцна, за да се ослободи од одговорност, отиде во полиција и пријави дека некој му го „хакнал“ профилот и дека тој не е оној што му ги испратил заканувачките пораки на Мората.

Сепак, полицијата брзо утврди дека профилот не е хакиран и дека лицето кое ја пријавило „кражбата“ на неговиот профил на популарната социјална мрежа стои зад сè.

Во меѓувреме, полицијата пресретна дел од разговорите на споменатиот млад човек со мобилен телефон и по анализа утврди дека тој дефинитивно стои зад заканите кон Мората.

„Овој вид однесување стана нормален во одредени области, како што е спортот, поттикнат од анонимноста што ја обезбедуваат социјалните мрежи и брзината со која се шират“, соопшти полицијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Aмериканските напади не ги уништија иранските нуклеарни постројки, покажува првичната разузнавачка проценка
Следна Статија Повредените во „Пулс“ кои се рехабилитираат на Пониква пуштија 62 бели балони во чест на починатите и побараа простување што не ги спасиле

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Албанската полиција на стадионот во Тирана отстранува знаме на УЧК (ВИДЕО)

Албански полицајци на стадионот во Тирана вчера вечер отстранија знаме на УЧК, донесено од илјадниците навивачи кои пристигнаа од Косово…

June 8, 2025
СПОРТ

Следење на главен тренер на Атланта Соколи 2026

Сè што треба да знаете за кандидатите кои тимот ги разгледува за овој избор

January 14, 2026
СПОРТ

ФФМ ги отфрли обвинувањата за наводни инциденти на натпреварите Вардар – Башкими и Шкендија Арачиново – Преспа

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најостро ги демантираше наводите изнесени во јавноста од новинарот Фуркан Салиу, поврзани со натпреварите Вардар…

February 22, 2026
СПОРТ

Легија, Хајдук и Динамо се најдобрите навивачи во светот, кои се останатите

Легија на прво место, потоа Хајдук и Динамо… Според изборот на англиските медиуми, ова се трите најдобри навивачки групи во…

May 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?