Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсен тинејџер – Упатил смртни закани до Мората и неговото семејство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Уапсен тинејџер – Упатил смртни закани до Мората и неговото семејство
СПОРТ

Уапсен тинејџер – Упатил смртни закани до Мората и неговото семејство

Објавено June 25, 2025 08:44
Сподели
Сподели

Шпанската полиција го лоцира и уапси навивач кој им се закануваше со смрт на шпанскиот репрезентативец Алваро Мората и неговото семејство откако промаши пенал во финалето на Лигата на нации.

Станува збор за 19-годишник од Малага.

Како што беше утврдено, тој испраќал закани од својот профил на социјалните мрежи до Мората и членови на неговото семејство, дури и до децата, веднаш по финалето во кое Шпанија, по изведување на пенали, беше поразена од Португалија.

Пораките ја вознемирија јавноста, брзо стигнаа осуди против навивачот, кој два дена подоцна, за да се ослободи од одговорност, отиде во полиција и пријави дека некој му го „хакнал“ профилот и дека тој не е оној што му ги испратил заканувачките пораки на Мората.

Сепак, полицијата брзо утврди дека профилот не е хакиран и дека лицето кое ја пријавило „кражбата“ на неговиот профил на популарната социјална мрежа стои зад сè.

Во меѓувреме, полицијата пресретна дел од разговорите на споменатиот млад човек со мобилен телефон и по анализа утврди дека тој дефинитивно стои зад заканите кон Мората.

„Овој вид однесување стана нормален во одредени области, како што е спортот, поттикнат од анонимноста што ја обезбедуваат социјалните мрежи и брзината со која се шират“, соопшти полицијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Aмериканските напади не ги уништија иранските нуклеарни постројки, покажува првичната разузнавачка проценка
Следна Статија Повредените во „Пулс“ кои се рехабилитираат на Пониква пуштија 62 бели балони во чест на починатите и побараа простување што не ги спасиле

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Млад НФЛ играч пронајден мртов во својот дом

Американскиот фудбал го погоди тажна вест НФЛ играчот на Минесота викингс, Рондејл Мур, почина на само 26 години, потврди полицијата…

February 22, 2026
СПОРТ

Одбојкарката Поповска и кајакарот Смилев ќе го носат македонското знаме на ЕМОФ Скопје 2025

Матеа Поповска одбојкарка и кајакарот Кристијан Смилев ќе бидат знаменосци на Свеченото отворање на Европски младински олимписки фестивал – ЕМОФ…

July 18, 2025
СПОРТ

Лазаров: Имаме убави спомени од Вараждин, нека биде така и сега

Вараждин е добро познат град за македонските ракометари кога се во прашање големите турнири. „Имаме позитивни сеќавања од 2009 и…

January 7, 2025
СПОРТ

Ливерпул го понижи Сити

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Манчестер Сити со 2-0 (2-0) како гости во дербито од 27. коло на Премиер лигата.…

February 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?