Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсен e човекот кој стави отров за стаорци во бебешката храна HiPP
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Уапсен e човекот кој стави отров за стаорци во бебешката храна HiPP
СВЕТ

Уапсен e човекот кој стави отров за стаорци во бебешката храна HiPP

Објавено May 3, 2026 12:11
Сподели
Сподели

Австриските истражители приведоа 39-годишен маж во врска со случајот на обид за уцена на производителот на бебешка храна HiPP, изјави портпаролката на Јавното обвинителство во Ајзенштат за ДПА.

Осомничениот бил приведен во Австрија, соопштија од обвинителството.

Неговиот идентитет не е откриен поради тактички причини поврзани со истрагата која е во тек. Полицијата соопшти дека тој во моментов се испрашува.

Според властите, непознато лице се обидело да ја уцени компанијата со контаминирање на бебешка храна со отров за стаорци. Вкупно пет манипулирани теглички беа откриени во Австрија, Чешка и Словачка.

Во Австрија, во запленета тегличка од 190 грама „морков со компир“, инстражителите пронашле вкупно 15 микрограми отров за стаорци – точната природа на отровот сè уште не е соопштена.

Неодамна се трагаше по втора потенцијално отруена тегличка во Австрија.

Во минатото, познати компании постојано беа мета на обиди за уцена вклучувајќи затруена храна. Ова не е првпат бебешката храна да биде цел.

HiPP, семејна компанија, е основана пред повеќе од 120 години во Баварија, Германија. Денес нејзиното седиште е во Закселн, во швајцарскиот регион Обвалден.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За осум часа санкционирани 113 возачи на мотоцикл во Скопје
Следна Статија Три хороскопски знаци што ќе имаат најмногу среќа оваа недела

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Лукашенко го освои седмиот мандат со 87,6 отсто од гласовите

Александар Лукашенко, лидерот кој владее со Белорусија три децении, го освои седмиот мандат на изборите вчера на кои не се…

January 27, 2025
СВЕТ

„Политико“: Фицо ја суспендира воената помош за Украина

Словачкиот премиер Роберт Фицо ја суспендираше официјалната воена помош за Украина, ги критикуваше санкциите на ЕУ против Русија, го отфрли…

August 18, 2025
СВЕТ

Блумберг: Израелските удари на иранските нафтени постројки ќе предизвика глобална криза

Ударите на иранските нафтени постројки може да предизвикаат голема економска штета на Техеран, исто така, може да доведе до огромно…

October 3, 2024
СВЕТ

Трамп објави мапа која ја прикажува Венецуела како дел од САД

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави на својата социјална мрежа Truth Social визуелна содржина во форма на мапа на која Венецуела…

May 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?