Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Анкета на МКД.мк: Убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Анкета на МКД.мк: Убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски
ПОЛИТИКА

Анкета на МКД.мк: Убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Објавено April 26, 2025 11:18
Сподели
Сподели

Ако до сега во најголемиот број истражувања на јавното мислење во Македонија, проблем број 1 со кој се соочува нашата држава беше криминалот и корупцијата, последното истражување на МКД.мк покажува дека македонските граѓани сметаат дека денес тоа е економијата. Истраживањето на МКД.мк, кое од 20 март до 17 април го спроведе агенцијата Маркет вижн, во однос на рејтинзите на политичките партии и нивните лидери, покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски и натаму се во убедливо водство.

Во однос на лидерите на политичките партии, како и на претходното истражување од декември минатата година, Христијан Мицкоски ја има довербата на најголем дел од испитаниците. На Мицкоски му веруваат 25,4 отсто од испитаниците, а на второто место е Венко Филипче со 3,8%. Во албанскиот кампус и натаму најпопуларен политичар е Али Ахмети (6,2%). Но, вкупниот рејтинг на лидерите на партиите од коалицијата Вреди (Изет Меџити, Билал Касами, Арбен Таравари и Африм Гаши) е поголем од рејтингот на Ахмети. Сепак, меѓу нив, најголем е рејтингот на Таравари кој се подготвува да ја напушти коалицијата Вреди.

Изненадувачки висок е процентот на граѓаните кои би излегле на гласање ако утре се одржат изборите. Дури две третини од испитаниците изјавиле дека ќе излезат на гласање, а кампањата за локалните избори уште не е ни почната.

Од оние кои одговориле дека би излегле на гласање на следните избори, велат дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. На второ место е коалицијата Вреди, па следуваат ДУИ, СДСМ, Левица, ЗНАМ…

Анкетирањето беше спроведено од 20 март до 17 април со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%).

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот во 2021 година.

Целото истражување на МКД.мк

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дипломатскиот пасош не ѝ носи имунитет на првата антикорупционерка, која е под истрага за корупција
Следна Статија Трамп вели дека Русија и Украина се „многу блиску до договор“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Лефков: Судот под плаштот на СДС, на Сокол наместо да му определи притвор само му одзема пасош

Судот под плаштот на СДС, Филип Андов Сокол наместо да му определи притвор само му одземал пасош, му се отвора…

March 1, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: СДС повторно нанесува штета на Македонија вклучувајќи се во деструктивните операции спроведувани од бугарските служби

„Имаме основано сомнение, поткрепено со точни информации и факти, дека во моментов се води координирана и насочена операција на дискредитација…

July 19, 2025
ПОЛИТИКА

Кузеска: Дали со тендер од 1,8 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја плати кампањата за избори?

Скандалот со тендерот вреден 1,8 милиони евра, што Владата на Христијан Мицкоски го распиша за промоција на настан кој ќе…

July 13, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Вреди нема да добие плус ресор, еден ист човек ќе биде и вицепремиер и министер

Нема да има нови ресори, ВРЕДИ нема да добие плус човек, еден ист човек ќе биде вицепремиер и министер, изјави…

November 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?