Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето – Расчистено е тројното убиство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето – Расчистено е тројното убиство
ХРОНИКА

Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето – Расчистено е тројното убиство

Објавено July 13, 2025 14:51
Сподели
Сподели

МВР ги открива деталите во врска со вчерашното тројно убиство. Во врска со кривично правниот настан -Убиство и самоубиство, случен на 12.07.2025 година во Прилеп, според првичните сознанијата со кои во моментот располага СВР Битола-ОВР Прилеп се следните:

на 12.07.2025 година околу 15:00 часот П.Ѓ.(62) од Прилеп телефонски му се јавил на неговиот внук од сестра П.Ч.(43) од Прилеп, при што истиот го поканил да оди во неговиот дом во Прилеп, но инсистирал со себе да го поведи и неговиот малолетен 13 – годишен син, односно внук од сестра на П.Ѓ.

Според првичните сознанија, П.Ч. по поканата од неговиот вујко го зел со себе малолетниот син, по што и кажал на неговата сопруга К.Ч. (43) дека неговиот вујко инсистира да оди во негова посета заедно со неговиот син, при што истите заминале, стои во соопштението.

Според првичните информации и сознанија од очевидци кои ги има ОВР Прилеп во околу 15:30 -16:00 часот во непосредна близина на куќата на сега починатиот П.Ѓ. се слушаат истрели од огнено оружје, (најверојатно тоа бил моментот на убиството во кое П.Ѓ. ги застрелува внукот и неговиот малолетен син) но, до тој момент нема никаква пријава во ОВР Прилеп за било какво пукање на подрачјето на Прилеп.

Според сознанијата до кои дојдоа полициските службеници од ОВР Прилеп, на фејсбук профил за кој се претпоставува дека е креиран и припаѓа на вујкото П.Ѓ. во 17:10 часот, поставен бил статус со сомнителна содржина каде истиот ја прозива неговата сестра и внукот ( според времето на објавување се претпоставува дека статусот е објавен по убиството на внукот и неговиот малолетен син), наведуваат од министерството.

Сопругата на сега убиениот П.Ч. според сознанијата, по извесно време пробала да ги добие телефонски сопругот и синот, но откако истата не ги добила , се упатила кон куќата на вујкото на нејзиниот сопруг, по што истата видела дека влезната врата е затворена и никој не се одзвива на нејзините довикувања, а надвор пред куќата го забележала паркирано патничкото возило на нејзиниот сопруг. Истата, по одредено време во 21:20 часот го пријавува настанот во ОВР Прилеп каде пријавува дека истиот ден од домот се оддалечил нејзиниот сопруг заедно со нивниот малолетен син и посочува дека најверојатно се наоѓаат во домот на вујкото на нејзиниот сопруг.

Откако во 21:20 часот истата го пријавува настанот во ОВР Прилеп. Веднаш полициски службеници се упатуваат кон куќата на ул „Стеван Апостолоски” во Прилеп и по пристигнувањето на наведената адреса да извршат проверка по пријавата, во домот на П.Ѓ. никој не ја отворил вратата. Веднаш било стапено во контакт со јавен обвинител, по што била издадена наредба од јавен обвинител, полициски службеници со употреба на сила да ја отворат вратата. Кога влегле во куќата П.Ѓ. фрлил бомба кон нив која почнала да чади, но не експлодирала. Откако полициските службеници излегле од куќата, од страна на П.Ѓ. било пукано кон нив, при што полициските службеници возвратиле со пукање од службено оружје кон куќата и известиле по радио врска дека во 22:40 часот према нив пукано е од огнено оружје на ул.„Стеван Апостолоски“, за да по кратко време П.Ѓ. со огнено оружје се самоубил. На местото на настанот пристигнала екипа на Итна медицинска помош Прилеп каде од страна на доктор била констатирана смрт како последица од огнено оружје кај П.Ч, П.Ѓ. и 13-годишен малолетник.

На 13.07.2025 во 01:20 часот од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп во присуство на јавен обвинител бил извршен увид на ул.„Стеван Апостолоски “ во Прилеп при што од увидот констатирано било дека во куќа со приземје и кат со дворно место пред влезната врата како и во домот беа пронајдени чаури од огнено оружје , како и влезно излезни траги од проектили. Во ходникот на подот пронајдена била и една рачна бомба М93. Исто така на влезот од собата пронајден бил пиштол калибар 9 мм и пиштол калибар 7,65 мм , документи, парични средства како и договори за имот и останати документи.

Од страна на јавен обвинител била издадена наредба врз телата на починатите да се изврши обдукција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фатен на снимка: Лице подметнува пожар во Делчево, па бега
Следна Статија Вучиќ: Ѓоковиќ може да зборува против мене колку што сака, ќе продолжам од се срце да навивам за него

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Татко дивеел на полицијата оти му го запреле малолетниот син кој возел без возачка

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи  запреле  малолетник кој управувал патничко моторно возило, а родителот кого го повикале агресивно…

April 12, 2025
ХРОНИКА

Судскиот совет веќе ги разгледува списите од претходните случаи на обвинетиот Васил Јованов, вели Камбовски

По изнесените забелешки во јавноста во врска со претходните судски случаи на обвинетиот за сообраќајката на „Партизанска“ Васил Јованов, каде…

February 5, 2025
ХРОНИКА

IN MEMORIAM: Почина поранешниот јавен обвинител Воислав Гавровски

Почина Воислав Гавровски, поранешен јавен обвинител во републичкото Јавно обвинителство. Гавровски беше роден на 28.06.1951 година во Тетово, а на…

March 4, 2025
ХРОНИКА

Кешишев за сменетата ИЗЈАВА: Палчо ми ја даде да ја препишам и да ја потпишам!

Адвокатот на Влатко Кешишев денеска побара појаснување за изјавата што обвинетиот Кешишев ја достави до судот на претходното рочиште. Денеска…

November 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?