Цела Австрија е во шок поради масакрот во училиштето во Грац што се случи денес во утринските часови. Поранешен ученик (21) од ова училиште убил девет лица, на крајот извршил самоубиство, а според порталот „Хојте“, истражителите пронашле проштално писмо од масовниот убиец.
Полицијата ја претресла куќата на убиецот и пронашла проштално писмо во неговата соба. Сè уште не е познато што има во писмото.
Исто така, откриено е дека злосторството е извршено со два пиштола. Едниот е купен легално само неколку дена пред злосторството.