Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УГД-Штип по приведувањето на професорката: Имаме нулта толеранција за корупција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > УГД-Штип по приведувањето на професорката: Имаме нулта толеранција за корупција
ХРОНИКА

УГД-Штип по приведувањето на професорката: Имаме нулта толеранција за корупција

Објавено June 30, 2026 14:23
Сподели
Сподели

„Како Универзитет имаме нулта толеранција за корупција. Во академската заедница нема место за никој што ја злоупотребува својата позиција, го нарушува интегритетот на образованието и ја изневерува довербата што му е дадена“, реагираат од Универзитетот „Гоце Делчев“ во врска со информациите за приведена професорка од овој универзитет.

За жал, додаваат од таму, ниту еден систем не е целосно имун на поединци кои се подготвени да го прекршат законот и да ја злоупотребат довербата што им е укажана.

Токму затоа, како што потенцираат, целосно ги поддржуваат активностите на надлежните институции во борбата против корупцијата.

„Само со професионални, законити и неселективни постапки можат да се откријат, санкционираат и трајно да се отстранат ваквите појави од академскиот систем.

Веруваме дека токму ваквите постапки се единствениот пат кон посилни, поздрави и покредибилни институции. Ги повикуваме сите кои имаат сознанија за корупција или други незаконски дејствија да не молчат. На Универзитетот постојат воспоставени механизми за пријавување на вакви случаи и секој може без страв да ги искористи.

Истовремено, ги охрабруваме сите ваквите сознанија директно да ги пријавуваат и до надлежните институции“.

Само со навремено пријавување, појаснуваат од универзитетот, професионално постапување и доследно почитување на законот може да се изгради систем во кој знаењето, чесноста и личниот интегритет ќе бидат единствените критериуми за успех, а оние што ја злоупотребуваат довербата што им е дадена нема да имаат место во академската заедница, стои во соопштението на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсена професорка на универзитетот во Штип за мито од 300 евра
Следна Статија Холандската полиција претепа марокански навивачи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсен полицаец: Испукал куршум во соба со луѓе

Вчера во 10.28 часот во СВР Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Б.(52), полициски службеник, кој…

May 1, 2025
ХРОНИКА

Еве од што починал Владо Јаневски

Македонскиот пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски почина синоќа на 66-годишна возраст, по кратко боледување, на една од скопските клиники,…

June 29, 2026
ХРОНИКА

МВР: Дојавите за бомби во училиштата се лажни

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни…

February 7, 2025
ХРОНИКА

OJO: Предлог притвор за лицата кои се заканувале со оружје и експлозиви, па одзеле пари од продавницата „Нептун“

Основното јавно обвинителство Скопје достави предлог за притвор за двете лица кои во петокот извршија разбојништво во продавницата „Нептун“ кај…

December 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?