Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хорор во Загреб: Полицаец 15 години ја силувал и малтретирал неговата партнерка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Хорор во Загреб: Полицаец 15 години ја силувал и малтретирал неговата партнерка
БАЛКАН

Хорор во Загреб: Полицаец 15 години ја силувал и малтретирал неговата партнерка

Објавено April 11, 2025 18:49
Сподели
Сподели

Загрепски полицаец (46) е уапсен под сомнение дека 15 години ја силувал и ја малтретирал својата невенчана сопруга. Тој е приведен заедно со неговите пријатели на возраст од 59 и 47 години поради сомнение дека сите сексуално ја злоставувале партнерката на полицаецот, со која тој има дете, објавија хрватските медиуми.

Станува збор за кривични дела силување кои оштетената ги пријавила кај истражителите, а бидејќи надлежното загрепско обвинителство предложило мерка притвор во траење од еден месец, дежурниот истражен судија при Жупанискиот суд во Загреб ги испратил сите тројца зад решетки за да не влијаат врз сведоците кои наводно имаат сознанија за страдањата низ кои оштетената поминала со години

Според она што жртвата ѝ го кажала на полицијата, целиот хорор траел од 2010 година до пред неколку недели. Дури тогаш таа конечно собрала храброст детално да раскаже низ што се поминала за време на заедничкиот живот со полицаецот со кој имала дете. Таа се доверила дека освен што сексуално ја злоставувал, ја малтретирал и физички и психички, а ја терал и на сексуални односи со други мажи, како што се неговите кумови и братучеди.

Според кривичната пријава, оштетениот открил и дека ја терал на проституција, а уште пострашно е што знаел да ја малтретира и пред нивното дете. Неговите осомничени пријатели, пак, ја силувале партнерката на полицаецот, а еден од нив, според пријавата, ја претепал.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ангеловска-Бежоска: Деглобализацијата може неповолно да се одрази и на родовата еднаквост
Следна Статија Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ со маица со посебен натпис: „Им се восхитувам на овие млади луѓе, ќе влезат во историјата“

Србија го слави Денот на студентите. На прославата на свој начин се приклучи и српскиот претседател Александар Вучиќ. Студентите во…

April 4, 2025
БАЛКАН

Почнаа изборите во Косово, дали Албин Курти ќе ја задржи власта или ќе има изненадување

Денеска во Косово се одржуваат парламентарни избори, на кои право на глас имаат вкупно 2.075.868 граѓани. Тие можат да гласаат…

February 9, 2025
БАЛКАН

ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза

Европската комисија по повод неодамна одржаниот концерт на Марко Перковиќ Томсон, познат по истакнувањето на усташка симболика во своите песни…

July 8, 2025
БАЛКАН

За 72 часа Санторини го погодија 39 земјотреси посилни од 4 степени според Рихтер, околу 9.000 луѓе го напуштија островот

Сеизмичката бура на Санторини не престанува. Познатиот грчки остров во последните 72 часа го погодија дури 39 земјотреси посилни од…

February 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?