Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Украина го осуди учеството на Вуди Ален на Московскиот филмски фестивал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Украина го осуди учеството на Вуди Ален на Московскиот филмски фестивал
ЗАБАВА

Украина го осуди учеството на Вуди Ален на Московскиот филмски фестивал

Објавено August 25, 2025 19:18
Сподели
Сподели

Украинското Министерство за надворешни работи остро го критикуваше онлајн-учеството на американскиот режисер Вуди Ален на Московскиот меѓународен филмски фестивал.

„Настапот на Вуди Ален на Московската филмска недела е срамота и навреда за жртвата на украинските актери и филмаџии кои беа убиени или повредени од руските воени злосторници во тековната војна против Украина“, соопшти украинската дипломатија преку социјалните мрежи.

Министерството нагласи дека Ален избира да ги игнорира злосторствата што Русија ги извршува во Украина веќе 11 години, почнувајќи од анексијата на Крим и дестабилизацијата на источна Украина во 2014 година. „Културата не смее да биде искористена за перење злосторства или како алатка за пропаганда“, се наведува во соопштението.

Ален вчера беше поканет да говори на 47. издание на фестивалот, каде настанот го модерираше прорускиот режисер и актер Фјодор Бондарчук, кој е под западни санкции поради поддршката на руската војна против Украина. За време на разговорот, според руските медиуми, Ален изразил восхит кон таткото на Бондарчук, познатиот режисер Сергеј Бондарчук. – Секогаш сум го сакал руското кино, изјавил Ален.

Како што пренесува ДПА, 89-годишниот режисер, сепак, избегнал да одговори на прашањето дали сака да снима филм во Русија и не се впуштил во политички коментари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп се обидел да најде замена за Зеленски, Залужни „ги откачил“
Следна Статија Нема власт – нема функција: Екс заменикот за внатрешни Бојмацалиев бара работа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Ayaneo открива нов џиновски преносен игрален компјутер

Иновативен Windows-базиран уред што ветува врвни перформанси за љубителите на играње

December 3, 2025
ЗАБАВА

Чудесен подвиг на Кинезите: Изградија зграда од 10 ката за помалку од 29 часа (ВИДЕО)

Иако за многу згради се потребни месеци, па дури и години, за да се завршат, Кинезите ги поместија границите на…

May 21, 2025
ЗАБАВА

„Војна“ поради резервации со пешкири: Хотелските работници во Грција им се „одмаздија“ на туристите, па станаа хит (ФОТО)

Потег снимен во виралното ТикТок видео предизвика жестока дебата и поделени мислења на социјалните мрежи. Додека „војните за лежалки“ продолжуваат…

July 7, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Мечка се храни во дворот на семејна куќа во тетовско Отуње

Мечка јадела храна оставена на маса на трем од семејна куќа во тетовското село Отуње. Додека животното се „гоштевало“, членовите…

August 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?