Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Украина постигна договор со САД за условите на потенцијален мировен договор со Русија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Украина постигна договор со САД за условите на потенцијален мировен договор со Русија
СВЕТ

Украина постигна договор со САД за условите на потенцијален мировен договор со Русија

Објавено November 25, 2025 16:58
Сподели
Сподели

Украинска делегација постигна договор со САД за условите на потенцијален мировен договор со Русија, пренесе БТА повикувајќи се на американските телевизиски мрежи ABC, CBS и CNN кои цитирале претставници на американската влада.

Министерот за одбрана на САД, Ден Дрискол, вчера одржа тајни разговори со руска делегација во Абу Даби, ОАЕ, како продолжение на разговорите со Украина во Женева за време на викендот, кои имаа за цел унапредување на мировниот процес во Украина, информира извор што го цитира ABC.

– Украинците се согласија со мировниот договор, рекол тој и додал:. „Постојат некои мали детали што треба да се разработат, но тие се согласија со мировниот договор.“

Вчерашните разговори со руската делегација, кои претходно не беа најавени, следеа по разговорите одржани за време на викендот во Женева меѓу САД и Украина и се уште еден знак дека новата американска иницијатива за рестартирање на мировниот процес во Украина напредува, забележа ABC.

– Во понеделникот попладне и вечерта и во текот на целиот вторник, секретарот Дрискол и неговиот тим беа во разговори со руската делегација за постигнување траен мир во Украина, изјави денеска потполковник Џефри Толберт, портпарол на американската војска. – Разговорите одат добро и ние остануваме оптимисти. Министерот Дрискол тесно соработува со Белата куќа и сите американски институции додека напредуваат разговорите, додаде тој.

Ниту Украина ниту Русија официјално не го потврдија присуството на своите делегации во Абу Даби.

Делегацијата на САД на преговорите во Женева ја предводеа државниот секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф и министерот Дрискол.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Следното рочиште за „Пулс“ на втори декември
Следна Статија Триесет и тригодишен затвореник починал во Охридската болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Сојузна одлука го блокира данокот за туристи на Хаваи за бродови за крстарење

Сојузен суд го блокира данокот за климатски промени на Хаваи за патници на бродови за крстарење

January 2, 2026
СВЕТ

(Видео) Ова е украинскoто Фламинго – ракета што може да го промени текот на војната

Додека сојузниците на Украина разговараат како да ѝ обезбедат на земјата безбедносни гаранции, Киев напредува со свој начин на одвраќање…

August 22, 2025
СВЕТ

Нагло зголемување на случаи на Ковид-19 во Хонг Конг и Сингапур

Хонг Конг и Сингапур бележат зголемување на бројот на случаи. Ковид-19, објави „Блумберг“. Агенцијата, повикувајќи се на здравствените власти во…

May 18, 2025
СВЕТ

Летонија го забрани учењето на рускиот како странски јазик во училиштата

Летонија донесе одлука да го забрани предавањето на рускиот јазик како странски јазик во училиштата. Ограничувањата се на сила на…

January 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?