Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Украина по војната треба да постои главно како тампон-држава меѓу Русија и НАТО, смета Орбан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Украина по војната треба да постои главно како тампон-држава меѓу Русија и НАТО, смета Орбан
СВЕТ

Украина по војната треба да постои главно како тампон-држава меѓу Русија и НАТО, смета Орбан

Објавено November 29, 2025 17:57
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изложи визија за иднината на Украина, сугерирајќи дека по војната таа треба да постои главно како тампон-држава меѓу Русија и НАТО, објави ДПА.

Орбан во интервју за весникот „Ди Велт“ посочува дека неизбежно ќе треба да се направат територијални отстапки кон Русија, а големината и капацитетите на вооружените сили на Украина ќе бидат намалени.

Тој ги даде своите коментари по контроверзната посета на Москва, каде што се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и нагласува дека Унгарија има интерес за стабилни и профитабилни снабдувања со енергија од Русија. Истакнува дека е време да се остават настрана илузиите и да се прифати реалноста наведена во планот од 28 точки на САД за завршување на војната во Украина.

Одложувањето на договорот би и користело на Русија, а не на Украина, и би довело до губење на повеќе територии и животи, нагласува Орбан.

Тој потенцира дека Русија постепено ќе биде реинтегрирана во глобалната економија според американскиот план, со укинување на санкциите со текот на времето. Според него, европската поддршка за Украина е целосно на штета на населението. Тој ја отфрли идејата замрзнатите руски средства да имаат финансиски придонес во таа насока. „Крај на приказната дека Европејците ја финансираат војната со руски пари“, додава Орбан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Владата на Мицкоски создаде хаос во пензисикиот систем, пензиите ги доведе во ризик
Следна Статија Мицкоски го отвори „Гранд при Скопје – 13 Ноември”

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Авион се урна во Германија, од запалените остатоци извлечено живо дете

Шестгодишно девојче е извлечено од запалените остатоци на авионот што се урна вчера во Германија. Нејзиниот татко не можел да…

March 22, 2025
СВЕТ

Израел се согласи на почетната линија на повлекување, се чека потегот на Хамас, објави Трамп

По повеќенеделни преговори, Израел се согласи на почетната линија на повлекување, објави на социјалната мрежа “Truth” лидерот на САД Доналд…

October 5, 2025
СВЕТ

Илјадници луѓе маршираат во Минесота против активностите на ICE

Некои жители на Минесота го бојкотираа работењето, училиштата и пазарењето во петок за да изразат спротивставување на операциите на ICE

January 25, 2026
СВЕТ

Неверојатна наредба од градоначалник: „Избегнувајте какви било болести“

Италијанското село Калабрезе Белкастро поради непостоечки здравствени услуги, им забрани на жителите да се разболат од тешки болести, пишува Би-Би-Си.…

January 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?