Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ултрамаратонците му оддадоа почит на Тоше, крушевчани ги пречекаа со 500 рози
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Ултрамаратонците му оддадоа почит на Тоше, крушевчани ги пречекаа со 500 рози
Blog

Ултрамаратонците му оддадоа почит на Тоше, крушевчани ги пречекаа со 500 рози

Објавено October 16, 2025 17:51
Сподели
Сподели

Со 500 рози, тага и сеќавања крушевчани ги пречекаа 12-те ултрамаратонци кои денеска пристигнаа во Крушево, на Гумење каде е вечното почивалиште на Тоше Проески, македонската и балканска ѕвезда, големиот човек и хуманитарец.

Маратонците по 18-пат, колку што години Тоше не е меѓу нас, го почнаа маратонот од Нова Градишка, Хрватска од местотокаде Тоше на 16 октомври 2027 година загина во сообраќајна несреќа.

-На 13 октомври од 17 часот стартуваше 18-тиот ултра маратон од Нова Градишка, Хрватска. Патот од 900 километри завршиденеска воКрушево,На Гумење. Сѐ е во чест на нашата и балканска музичка ѕвезта, вочест на големиот Тоше Проески. Им се заблагодарувам на маратонците,на нивната жртв, на нивната битка со асфалтот. Пораката е да го следиме патот на Тоше кој беше ангел на земјата, а сега е ангел на небото, изјави ултрамаратонецот Наум Капричевски.

Најстариот, 73 годишен маратонец, Ангел Малинов од Загреб четврти пат учествуваше на маратонот.

-Ова е само и единствено за Тоше. Не можам ништо повеќе да кажам,рече Малинов.

Најмладиот, 9-годишниот Даријан Капричевски првпат учествува на маратонот.

– Сакам да го слушаме Тоше и да ги применуваме сите пораки што ги праќаше. Рече малиот Даријан.

На вечното почивалиште на Тоше на Гумење се собраа почитувачите на неговото дело од Македонија, балканските, па и од европските земји.

-Го слушаме Тоше во Словенија. Ќерка ми ги пее неговите песни. Тоше беше светски човек и ние го сакаме, вели Неа Порович од Словенија.

Од Црна Гора стигна пејачот Стеван Феди кој бил првиот претставник на нсвојата земја на Евровизија, една година по Тоше кога тој ја претставуваше Македонија на Евросонгот.

-Смеам да кажам дека како Тоше нема да гледаме долго време на овие простори. Добро е што еднаш годишно се собираме на музички начин да изразиме благодарност на влијанието што Тиоше Проески го извржи. Дури и на мене и на моето дете. Убаво е што се негува една култура и уметност што ја персонифицираше Тоше Проески. Како великан на уметноста, едноставно како еден голем човек, рече Феди.

Во Крушево и во Битола се одржува Фестивал со учесници кои ги пеат песните на Тоше.

-Минатата година за првпат го организиравме меѓународниот натпревар во пеење на песните на Тоше. Се одржа во Скопје,во Македонската опера и балет, а оваа, втора година, се одржува во Крушево, каде живееше Тоше, и во Битола, каде учеше во средното музичко училиште. На фестивалот се 16 учесници од 7 до 38 од Македонија, Србија, Бугарија,од Словенија, Црна Гора, дури имаме и учесници од далечниот Казахстан. Убаво е да се слушнат младите таленти како ги пеат песните на Тоше. Целта е да го продолжиме споменот за Тоше, истакна Марјан Катароски, директор на „Естрада мултимедија центар“, организатор на фестивалот „песните на Тоше Проески“.

Сите посетители денеска го посетија и Спомен- домот „Тодор Проески“ наз Гумење. Со околу 1000 експонати од Тоше Проески, овој музеј е еден од најпосетуваните во Регионот со преку еден милион гости.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски од Сарај: Повикувам на масовно гласање за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за да не дозволиме да се вратат оние што 20 години ја уништуваа Македонија
Следна Статија Царина и Централен регистар договорија е-размена на податоци за царински долг – хартиените потврди наскоро заминуваат во историјата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Во Америка сѐ е бизнис: Вртоглаво расте цената на криптовалутата на Трамп

За само еден ден од лансирањето на мем-коинот на американскиот претседател Доналд Трамп $TRUMP, обемот на тргување со криптовалути надмина…

January 20, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Скорпија – среда, 29 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денешниот ден ќе те просветли и ќе активира твојата креативна енергија. Низ твоето Скорпијонско, страстно,…

January 29, 2025
Blog

„Навредите не се навивање“ – Силјановска Давкова со остар став за говорот на омраза на спортските терени

По искажаната навивачка омраза, прво за време на фудбалскиот натпревар меѓу Шкендија и ТНС, а потоа и на кошаркарскиот меч…

August 5, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Овен – сабота, 15 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Сега е најважнијот момент да се концентрирате на создавање можности за духовен развој. Поддржани од…

February 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?