Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Унгарски аналитичар: Зеленски треба да престане да ги лаже Украинците дека ќе влезат во ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Унгарски аналитичар: Зеленски треба да престане да ги лаже Украинците дека ќе влезат во ЕУ
СВЕТ

Унгарски аналитичар: Зеленски треба да престане да ги лаже Украинците дека ќе влезат во ЕУ

Објавено November 5, 2025 13:22
Сподели
Сподели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да престане да ги залажува граѓаните на Украина за реалните изгледи на неговата земја за пристапување кон Европската Унија, порача унгарскиот политички аналитичар Золтан Коскович од Центарот за основни права.

-Не. Нема да влезете во ЕУ. Престанете да го лажете својот народ, напиша Коскович на социјалната мрежа Икс, реагирајќи на изјавата на Зеленски дека Украина е „подготвена да го отвори првиот, вториот и шестиот кластер од преговорите“ во процесот на евроинтеграција.

Зеленски тогаш наведе дека „извештајот на Европската комисија за Пакетот за проширување потврдува оти Украина самоуверено чекори кон членство во ЕУ“, што во Унгарија, како и повеќе аналитичари во Брисел, го оценија како политички спин без основа во реалноста.

Според Коскович, украинскиот лидер се обидува на внатрешното јавно мислење да му претстави илузија на европска перспектива, додека реалноста е сосема поинаква – многу земји членки не го поддржуваат отворањето преговори, а некои дури ја доведуваат во прашање и понатамошната финансиска поддршка за Киев.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан неодамна изјави дека „не би сакал остатокот од Украина да се приклучи на Европската Унија“ по завршувањето на конфликтот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Манасиевски: СДС е трета партија во државата, петта во Скопје, Филипче под диктат на Заев ја доведе партијата до целосен пад
Следна Статија МВР: Лица на 35 и 56 години се загинатите во тешката сообраќајка вчера на патот Градско – Прилеп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Поранешниот американски претседател Џими Картер почина на 100 години

Џими Картер, скромен земјоделец од Џорџија, кој како претседател на САД се бореше со лошата економија и заложничката криза во…

December 30, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Драма во Норвешка: Авион со 170 патници излета од пистата со полна брзина

Патничкиот авион Боинг, кој синоќа полета од Осло кон градот Молде, за малку ќе „слеташе“ во морето откако со полна…

December 20, 2024
СВЕТ

(Фото) Грешка во Google Maps предизвика сообраќаeн хаос во Германија

Грешка во апликацијата Google Maps ги збуни возачите на германските автопати, откако покажа голем број црвени точки на знакот „стоп“.…

May 31, 2025
СВЕТ

Бил Гејтс открива три клучни опасности од вештачката интелигенција – последната е особено алармантна

Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт, го привлекува вниманието на трите главни ризици поврзани со сè побрзиот развој на вештачката интелигенција,…

December 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?