Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Унгарците ги задржаа парите и златото, а ги врати запленетите оклопни возила на Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Унгарците ги задржаа парите и златото, а ги врати запленетите оклопни возила на Украина
СВЕТ

Унгарците ги задржаа парите и златото, а ги врати запленетите оклопни возила на Украина

Објавено March 12, 2026 18:47
Сподели
Сподели

Унгарија денеска и врати две оклопни возила на Украина, но ги задржа парите и златото во вредност од околу 82 милиони долари, повикувајќи се на истрагата за перење пари, потег што Киев го нарече кражба.

Односите меѓу Унгарија и Украина, веќе затегнати поради блиските врски на Виктор Орбан со Русија, дополнително се влошија минатата недела кога Унгарија уапси седум Украинци кои превезувале вредни предмети. Тие подоцна беа протерани од Унгарија и вратени во Украина.

Украина побара враќање на парите и златото, а шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, во неделата овој потег на Унгарија го нарече „невиден чин на државен бандитизам и рекетирање“.

Унгарскиот парламент пред два дена усвои закон предложен од партијата Фидес на Орбан, со кој им овозможи на властите да го чуваат вредниот имот 60 дена додека е во тек истрага за неговото потекло и дестинација.

Тензиите меѓу двете земји растат пред изборите на 12 април, а војната во Украина е во центарот на кампањата во која Орбан тврди дека победата на опозицијата би ја вовлекла Унгарија во конфликтот.

Орбан стави вето на воведувањето нови европски санкции против Русија и исплатата на заемот на Украина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски организираше ифтар (ФОТО)
Следна Статија Николоски: Очекувам позитивни работи во блиска иднина за инфраструктурата, транспортот и многу нови работни места во Македонија!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

На авион на „Ер Канада“ му се запали моторот при слетување (ВИДЕО)

Авион на „Ер Канада“ принудно слета на меѓународниот аеродром Халифакс Стенфилд, откако синоќа доживеа дефект на опремата за слетување. Авионот…

December 29, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО)Како француската полиција се справи со блокадите

Министерството за внатрешни работи на Франција објави дека 675 лица се уапсени по протестот „Блокирај сè“. Полицијата во Франција брутално…

September 11, 2025
СВЕТ

Трамп: Знам што правам кога воведувам царини, лидерите од целиот свет молат за договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека знае што прави кога воведува високи царини за земјите ширум светот, откако предизвика критики…

April 9, 2025
СВЕТ

Пред локалните избори, Илон Маск повторно јавно ја поддржа германската AfD

Американскиот претприемач Илон Маск повторно интервенираше во германската изборна кампања во корист на десничарската популистичка Алтернатива за Германија (AfD) преку…

September 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?