Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: После осум години, линеарниот акцелератор конечно ставен во функција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: После осум години, линеарниот акцелератор конечно ставен во функција
ЗДРАВЈЕ

Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: После осум години, линеарниот акцелератор конечно ставен во функција

Објавено February 22, 2025 13:00
Сподели
Сподели

Акцелераторот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, кој беше набавен пред осум години, сега е успешно монтиран и ставен во употреба за пациентите, информираат од Клиниката.

Тие објаснуваат дека пред активирањето на акцелераторот се спроведени бројни подготвителни активности, вклучувајќи комплетна реконструкција на бункерот. Била набавена нова опрема, стабилизатори за напон, имобилизациска опрема, како и извршени комисионирања на апаратот. Покрај тоа, инсталиран е нов мебел, системи за мониторирање на пациенти и завршени се сите фази на инсталација, мерења и калибрација на системот пред пуштањето во употреба.

„Со новиот акцелератор, клиниката сега располага со вкупно 4 линеарни акцелератори, кои ќе се користат за третмани на онколошки пациенти. Дополнително, со оваа набавка, се воведува нов метод – SRS радиотерапија, што ќе ги покрие сите аспекти на радиотерапевтскиот третман“, се вели во соопштението од Клиниката.

Методата SRS, која досега беше достапна само во странство, сега ќе биде на располагање на пациентите на Клиниката.

Од Клиниката исто така нагласуваат дека во моментов сите пациенти добиваат висококвалитетна радиотерапија, во согласност со европските стандарди.

Со ставањето во функција на оваа нова опрема, значително се зајакнува капацитетот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија и се намалуваат времињата на чекање за третмани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бурекот најскап во Скопје и Охрид
Следна Статија ПОДНЕСЕТЕ ГИ ДДВ – 04 ПРИЈАВИТЕ НАВРЕМЕ, ИЗБЕГНЕТЕ СТРЕС И ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Руска вакцина против рак подготвена за употреба

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова,…

September 7, 2025
ЗДРАВЈЕ

Големо медицинско откритие: Научниците развија тест што може да открие мултиплекс склероза пред дијагнозата

Мултиплекс склерозата е хронична воспалителна болест на централниот нервен систем која зафаќа приближно 2,8 милиони луѓе ширум светот. Нејзиниот развој…

August 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Научниците развиле технологија со вештачка интелигенција, што го спречува труењето со храна

Секоја година, повеќе од 600 милиони луѓе доживуваат труење со храна, а се проценува дека дури 4,2 милиони умираат како…

August 24, 2025
ЗДРАВЈЕ

ЕУ ќе се бори против прекумерната употреба на антибиотици

Европската унија треба да преземе итни и одлучни мерки во борбата против отпорноста на антимикробните агенси, оцени денеска Европскиот центар…

November 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?