Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: После осум години, линеарниот акцелератор конечно ставен во функција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: После осум години, линеарниот акцелератор конечно ставен во функција
ЗДРАВЈЕ

Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: После осум години, линеарниот акцелератор конечно ставен во функција

Објавено February 22, 2025 13:00
Сподели
Сподели

Акцелераторот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, кој беше набавен пред осум години, сега е успешно монтиран и ставен во употреба за пациентите, информираат од Клиниката.

Тие објаснуваат дека пред активирањето на акцелераторот се спроведени бројни подготвителни активности, вклучувајќи комплетна реконструкција на бункерот. Била набавена нова опрема, стабилизатори за напон, имобилизациска опрема, како и извршени комисионирања на апаратот. Покрај тоа, инсталиран е нов мебел, системи за мониторирање на пациенти и завршени се сите фази на инсталација, мерења и калибрација на системот пред пуштањето во употреба.

„Со новиот акцелератор, клиниката сега располага со вкупно 4 линеарни акцелератори, кои ќе се користат за третмани на онколошки пациенти. Дополнително, со оваа набавка, се воведува нов метод – SRS радиотерапија, што ќе ги покрие сите аспекти на радиотерапевтскиот третман“, се вели во соопштението од Клиниката.

Методата SRS, која досега беше достапна само во странство, сега ќе биде на располагање на пациентите на Клиниката.

Од Клиниката исто така нагласуваат дека во моментов сите пациенти добиваат висококвалитетна радиотерапија, во согласност со европските стандарди.

Со ставањето во функција на оваа нова опрема, значително се зајакнува капацитетот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија и се намалуваат времињата на чекање за третмани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бурекот најскап во Скопје и Охрид
Следна Статија ПОДНЕСЕТЕ ГИ ДДВ – 04 ПРИЈАВИТЕ НАВРЕМЕ, ИЗБЕГНЕТЕ СТРЕС И ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Клековски: Експерти за изгореници од Израел ќе дојдат за повредените, а најкритичните се испраќаат во странство

Конзилиум работи на целиот список повредени при пожарот во дискотеката, се прави проценка дали да бидат префрлени од Кочани и…

March 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Експерти од Англија и македонски лекари заеднички подготвуваат протоколи за повредените во трагедијата во Кочани

Експерти од Англија и македонски лекари заеднички подготвуваат протоколи за проценка на клиничката слика на повредените во трагедијата од дискотеката…

April 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Голем интерес за вакцинација против сезонски грип: Над 70.000 пријавени, 22.000 веќе вакцинирани

Министерството за здравство информира дека интересот за вакцинација против сезонски грип континуирано расте. Досега се пријавени над 70.000 граѓани, а…

October 28, 2025
ЗДРАВЈЕ

На која возраст сме најсреќни и најздрави?

Општоприфатеното мислење е дека животот го достигнува својот врв во 20-тите години, а потоа опаѓа, но новите научни откритија го…

May 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?