Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Управител на приватна фирма од Куманово и двајца службеници го оштетиле буџетот за над 22 милиони денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Управител на приватна фирма од Куманово и двајца службеници го оштетиле буџетот за над 22 милиони денари
ХРОНИКА

Управител на приватна фирма од Куманово и двајца службеници го оштетиле буџетот за над 22 милиони денари

Објавено April 9, 2025 14:30
Сподели
Сподели

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на управител и одговорно лице во правно лице и против две службени лица поради основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“, „Проневера во службата“ и „Несовесно работење во службата“.

Како што информира Управата за финансиска полиција, се работи за првопријавениот Д.П. во својство на управител и одговорно лице во правно лице Пин Петрол ДОО Куманово, кое врши работи од јавен интерес согласно Законот за возила на РСМ. Тој иако бил свесен дека од страна на Пин Петрол ДОО Куманово не се врши редовна и перманентна уплата на парични средства по основ на надоместок за јавни патишта кон Јавното претпријатие за државни патишта согласно месечните извештаи за ставки од Регистрација според вид и подкатегорија на возила од надоместокот за Јавни патишта ја злоупотребил својата службена положба и овластување доверена од Јавното претпријатие за државни патишта со Договор за извршување работи за наплата на надоместокот за употреба на јавните патишта (патна такса), а за кој претходно Пин Петрол ДОО Куманово има добиено овластување од Министерството за внатрешни работи да врши технички преглед на возила, на начин што спротивно на обврските од Договорот не извршил контрола и не преземал никакви мерки и дејствија за реална уплата кон Јавното претпријатие за период од 1 август 2019 до 30 септември 2024 година.

Второпријавената е Г.С.П., која во својство на службено лице во АД за поштенски сообраќај Пошта на Северна Македонија во државна сопственост – Скопје, Договорна пошта Куманово со правниот субјект Пин Петрол ДОО Куманово, со намера да прибави противправна имотна корист за себе, наплатените парични средства од правни и физички лица на име надоместок за јавни патишта ги присвоила за себе. Средствата требало да ги уплати на сметката на Јавното претпријатие за државни патишта преку Договорната пошта, а за што била должна согласно Договор за вработување во Пин Петрол и Договор за извршување работи за наплата на патна такса на Пин Петрол склучен со ЈПДП. 

Второпријавената, како што се наведува, извршила фалсификување на налози за уплата со цел на дознака Фонд на патишта кои се регистрирани во системот за наплата на АД Пошта под ист референтен број за две различни лица кои извршиле уплата и со тоа предизвикала штета на Буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

Третопријавената Н.С. во својство на службено лице во Јавното претпријатие за државни патишта, постапила несовесно при вршењето на своите овластувања и должности. Таа пропуштила должна контрола и надзор на разликата помеѓу приливите од станицата за технички преглед Пин Петрол Куманово по основ Патна такса и покрај тоа што на увид ги имала месечните извештаи од станицата за технички преглед каде е наведено колкав износ по горенаведениот основ е наплатен од нивна страна, со што предизвикала штета на Буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

Со овие дејствија, пријавените предизвикале штета на Буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта во вкупен износ од 22.294.343,00 денари. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пандов: Во некои затвори над 50 проценти од затворските полицајци се корумпирани, за девет месеци најдени околу 1.000 телефони
Следна Статија Определен притвор од 30 дена за директорот на Геријатрија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

ВИДЕО: Снимен МОМЕНТОТ кога пожарот ја зафати дискотеката во Кочани!

Пожарот настана за време на настапот на групата ДНК. Според досегашните информации, неофицијално има 53 загинати лица. По почетокот на…

March 16, 2025
ХРОНИКА

Д-р Серафимова: Од 14 до 25 години се починатите во дискотеката во Кочани, лицата се од Скопје, Штип, Кочани и Пробиштип

Од 14 до 25 години се починатите лица во пожарот кој се случи утринава во дискотека во Кочани изјави денеска…

March 16, 2025
ХРОНИКА

Притвор од 30 дена за грабнувачите кои на лице од Неготино му ставиле црна кеса, го удирале, му се заканувале со пиштол

Судот во Кавадарци определи по 30 дена притвор за двајцата грабнувачи од демиркаписко Корешница, потврдија попладнево од кавадаречкиот суд за…

April 14, 2026
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Човек со нож се закануваше по Широк Сокак, полицијата го уапси

Млад човек со нож во рака денеска се закануваше и мавташе по Широк Сокак во Битола, по што полицијата потврди…

May 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?