Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Управител на струмичка фирма затаил над 2,2 милиони денари данок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Управител на струмичка фирма затаил над 2,2 милиони денари данок
ХРОНИКА

Управител на струмичка фирма затаил над 2,2 милиони денари данок

Објавено March 21, 2025 19:00
Сподели
Сподели

Управител од Кавадарци и струмичка фирма осомничени за затајување на над 2,2 милиони денари данок.

Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против правно лице од Струмица и неговиот управител, 37-годишниот Д.Ј. од Кавадарци, поради основано сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ согласно член 279 од Кривичниот законик.

Според пријавата, во периодот од 1 декември 2023 до 31 декември 2023 година, пријавените биле должни како даночни обврзници да извршат уплата на данок од личен доход од добивка од игри на среќа во износ од 626.457 денари, но тоа не го сториле. Исто така, од 1 јануари до 30 април 2024 година, не го уплатиле данокот на лични доходи по други основи во вредност од 351.845 денари.

Дополнително, во периодот од 1 јануари до 30 април годинава, фирмата остварила приход од приредување игри на среќа во автомат клуб во износ од 6.270.304 денари, од кој биле должни да уплатат 20% посебна давачка во вредност од 1.254.061 денари, но не го направиле тоа.
Со овие незаконски дејствија, осомничените го оштетилe државниот буџет за вкупно 2.232.363 денари.

Истражните органи продолжуваат со собирање на докази, а Основното јавно обвинителство Струмица ќе одлучува за понатамошниот тек на случајот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Што е звучен топ за кој српските студенти тврдат дека е употребен на протестите
Следна Статија Билборд објави листа на најдобрите пејачки на 21 век

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Во дом во Скопје пронајдени и одземени оружје и мобилни уреди

При претресот беа пронајдени и одземени огнено оружје и мобилни уреди, кои ќе бидат предмет на понатамошна форензичка анализа. Лицата…

July 19, 2025
ХРОНИКА

Илиевски: Се надеваме дека ако не во кривична, тогаш во граѓанска постапка ќе се надомести нематеријалната штета што ја претрпела Јанкулоска

Одбраната на екс министерската за внатрешни работи Гордана Јанкуловска задоволна од ослободителната пресуда за случајот со уништувањето на опремата за…

January 13, 2025
ХРОНИКА

Загинаа работници од Велес кои се враќале од работа, ќе се вештачи комбето

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека интензивно презема дејствија за утврдување на причините за вчерашната тешка сообраќајна несреќа на автопатот…

October 17, 2024
ХРОНИКА

Палчо планирал во Турција да седи три месеци, изнајмил и куќа

На денешното рочиште за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се случија неколку значајни моменти. Првото е…

November 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?