Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УСАИД дале грант од пет милиони долари на Фондацијата отворено општество за финансирање на протестите на „шарените“: Истражувачот Мајк Бенц за злоупотребите во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > УСАИД дале грант од пет милиони долари на Фондацијата отворено општество за финансирање на протестите на „шарените“: Истражувачот Мајк Бенц за злоупотребите во Македонија
МАКЕДОНИЈА

УСАИД дале грант од пет милиони долари на Фондацијата отворено општество за финансирање на протестите на „шарените“: Истражувачот Мајк Бенц за злоупотребите во Македонија

Објавено March 18, 2025 09:02
Сподели
Сподели

Мајк Бенц, поранешен американски дипломат кој изминативе месеци е водечки истражувач и коментатор на големиот скандал со злоупотребите на програмите на УСАИД, се осврна на случајот на Македонија. Бенц е еден од водечките извори на информации за злоупотребите на УСАИД кој е честопати споделуван од страна на Илон Маск и неодамна ги сподели своите сознанија како гостин на подкастот на Џо Роган.

Во неговата емисија на каналот Рамбл, Бенц сподели детали за финансирањето на шарената револуција од страна на УСАИД. Бенц посочи на грантот од 5 милиони долари кој УСАИД го даде на Фондацијата Отворено Општество за финансирање на протестите.

УСАИД даде пет милиони долари на Фондацијата на Сорос. Пет милиони! Директен грант. Организацијата Џудишал Воч објави дека, со помош на Џес Бејли, тогашниот амбасадор во Македонија именуван од Барак Обама, американската влада потрошила милиони долари на даночните обврзници за да ја дестабилизира демократски избраната, десно-центристичка влада на Македонија во соработка со Сорос.

Така, УСАИД го финансира Сорос, а Сорос ги дава овие пари на луѓето на терен, на локалните политичари, локалните судии, локалните обвинители, локалните невладини организации, локалните медиуми, синдикати.., изјави Бенц, цитирајќи од репортажа на новинарот Џејкоб Грандстаф.

Повикувајќи се на репортажа на Стив Ричардс, Бенц со неговите гледачи сподели дека организацијата Ист Вест Менаџмент Институт, која спроведуваше проекти во Македонија заедно со Фондацијата на Сорос, добила вкупно над 260 милиони долари од УСАИД за проекти за „демократизација“ во Грузија, Албанија, Србија, Уганда и други држави. Според Бенц, оваа организација е јасно поврзана со мрежата на Џорџ Сорос.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Извинете браќа Македонци“ „Повредените ги пративме да ги лекувате, а не да правите ПР“: ОСТРИ реакции во Србија и Македонија за популизмот на Вучиќ сликан меѓу пациентите со изгореници
Следна Статија Македонски знамиња низ Белград во знак на сочувство за трагедијата во Кочани (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани, информираат од Црвен крст

Досега се собрани 156.542.967 денари во рамки на апелот на Црвениот крст на Македонија за поддршка на настраданите од катастрофалниот…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

МНР ги повикува граѓаните кои престојуваат во Иран, да ја напуштат државата

Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани…

January 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ја поздрави донацијата од 305 уреди за прочистување на воздухот, во вредност од еден милион евра: Чистиот воздух е наше заедничко право, ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница

Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас. Ова е проблем што…

February 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

АХВ: Граѓаните од поплавените региони да внимаваат со храната и водата за пиење

Агенцијата за храна и ветеринарство издаде препораки и упати апел до населението во регионите каде има поплавување да води сметка…

November 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?