Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Условна казна затвор од една година за претседателот на клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Условна казна затвор од една година за претседателот на клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола
ХРОНИКА

Условна казна затвор од една година за претседателот на клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола

Објавено June 13, 2025 13:50
Сподели
Сподели

Љупчо Горгиевски, претседателот на згаснатиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола е осуден на една година условна казна затвор. За него има услов од две години да не го повтори кривичното дело за величење на ликот и делото на контороверзниот лидер на ВМРО, Иван Михајлов.

Веста за одлуката на Основниот суд Битола, ја објави лично Горгиевски на Фејсбук страната на културниот клуб „Иван Михајлов“ Битола и пишува дека не можат да го гонат за „совеста“. За ваква пресуда со условна осуда поддржувачите на Горгиевски се надеваа уште по завршните зборови во неформален разговор со новинарите.

Според она што го објави Горгиевски, одлуката е донесена вчера и како што наведува – „Судот во Република Македонија ми осуди казна од 1 година затвор, условна, со 2 години условна казна. Оваа реченица нема законски товар за мене – има симболична вредност. Ова е политичка порака насочена не против моето лично име, туку против бугарската самосвест во Македонија.“

Горгиевски наведува –„ Мојата единствена ‘грешка’ е тоа што отворено се идентификувам како Бугарин, што го почитувам случајот со Иван Михајлов… Државата може да изрече казни, но не може да ја гони совеста“,

На 21 мај, во Основниот суд во Битола заврши двегодишниот судски процес против битолчанецот Љупчо Горгиевски, претседател на згаснатиот бугарски клуб во Битола. Судењето го покрена Основното јавно обвинителство Битола за кривични дела поврзани со предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем, или народски кажано за величење на ликот и делото на контроверзниот водач на ВМРО (организација која постоеше од 1919 до 1934 година) – Иван Михајлов, како историска личност.

Обвинетиот Љупчо Горгиевски во текот на судењето кажа дека е Бугарин, со два пасоша, македонски и бугарски, и досега не е осудуван; семеен човек. Тој рече дека не се чувствува виновен за делото за кое се товари. Пред завршните зборува како сведок, во полза на обвинетиот сведочеше екс-премиерот Љупчо Георгиевски со поддршка на „ванчомихајловизмот“.

Во пресрет на пресудата на Основниот суд во Битола, Mинистерството за надворешни работи на Бугарија објави соопштение до јавноста во кое порача дека овој случај за Бугарија е пресвртница за рамноправноста на Бугарите во Македонија и предупреди дека очекува фер пресуда.

Бугарското МНР во реакцијата уште напиша дека „На властите во Скопјe постојано им се обрнува внимание дека овој случај е пресвртница за Бугарија во однос на нивната подготвеност да ја гарантираат рамноправноста на Бугарите и да ги решат проблемите со кои се соочуваат“.

Обвинението против Горгиевски го застапуваше обвинителката Оливера Нечаковска, таа пред судот побара осудителна пресуда со соодветна санкција.

Нечаковска рече дека под превезот на наводна слобода на говор и изразување, претседателот на здружението „Иван Михајлов“ Битола и како администратор на веб-страницата на овој клуб активно поттикнувал и разгорувал омраза и нетрпеливост спрема припадниците на еврејската заедница во Македонија, а особено спрема припадниците на македонскиот народ, чија што посебност континуирано ја негирал преку објавите.

„Мислењето на Институт за национална историја на Македонија бр. 02-242.2 од 31.08.2022 во однос на Ванчо Михајлов е јасно и недвосмислено – Ванчо Михајлов е негативен лик во македонската и европската историја и со пропагирање на ликот, делото и идеите на Ванчо Михајлов всушност се пропагираат неговите наредби за физички ликвидации, соработка со фашистичката и нацистичката идеологија како и неговото негирање на посебноста на македонскиот народ“, рече Нечаковска во завршните зборови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Годишно по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студии во Унгарија
Следна Статија (ВИДЕО) Реконструиран патот Охрид-Св.Наум

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Кривична за скопски бизнисмен, не платил 12 милиони денари данок

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против А.А поради основи на сомнение за сторено…

April 24, 2025
ХРОНИКА

Таткото на Вања до Велибор Манев: Зошто ми го убивте детето?

На денешното судење за убиствата на Вања и Панче таткото на Вања се обрати до Велибор Манев и го праша…

March 19, 2025
ХРОНИКА

Уапсен жител на Кондово – запалил возило на свој сограѓанин (ВИДЕО)

На 20.09.2025 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Г.(35) од с. Кондово, скопско, затоа што истиот ден…

September 21, 2025
ХРОНИКА

Кумановец земал брз кредит за биткоин, ама го „олесниле“ за 200.000 денари

Четириесет и петгодишен маж од Куманово бил измамен за сума од 200.000 денари, измамникот го информирал дека има 14.500 долари…

November 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?