Успешно завршен вселенскиот лет на Блу Оринџ: Кети Пери и Глеј Кинг ја бакнаа земјата, а Лорен Санчез својот Џеф Безос

- Advertisement -

Утрово во 7 часот по локално време шест жени, меѓу кои и пејачката Кети Пери и свршеницата на Џеф Безос, Лорен Санчез, полетаа во вселената, а летот траел само 10 минути и 30 секунди. По пристигнувањето на земјата, видеото од излегувањето на шестчлениот женски екипаж од капсулата го пренесе „Би-би-си“.

Имено, компанијата „Блу Ориџин“, која е во сопственост на Џеф Безос, ја лансирала ракетата „Њу Шепард“ и во таа капсула немало ниту инженери, ниту астронаути, туку само шест жени. Тие летале во вселената до линијата Карман – границата на вселената на надморска височина од околу 100 километри и назад.

Кога се вратиле на земја, Кети Пери најпрвин клекнала и ја бакнала земјата и тоа било овековечено на слика која веќе кружи на социјалните мрежи, а истото тоа го направиla и популарната водителка Гејл Кинг.

За време на преносот во живо, женската екипа се слушала како возбудено реагирала додека гледала во Месечината. Видеото имало прекини по околу пет минути, а го следеле 305.000 гледачи. Иако не била прикажана во преносот, Кети Пери го исполнила ветувањето да пее во вселената. Таа ја отпеала песната „Каков прекрасен свет“ (What a Wonderful World).

Џеф Безос беше тој што ја отвори капсулата и им посака добредојде на жените назад на Земјата.

Кои се жените кои полетаа во вселената денес?

Лорен Санчез – новинарка и идна сопруга на Џеф Безос,

Гејл Кинг – позната американска ТВ водителка,

Кети Пери – поп ѕвезда која изгради светска слава,

Аманда Нгујен – активистка за човекови права и првата Виетнамка во вселената,

Керијен Флин – продуцентка,

Ајша Боу – ракетната научничка.

Овој шестчлен екипаж е првиот целосно женски екипаж кој летал во вселената сам по 60 години.

Пред самиот лет, Кети Пери, Гејл Кинг и Лорен Санчез признаа дека се нервозни, но и возбудени поради можноста да летаат во вселената.

Сподели ја оваа статија