Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уставен суд оформи предмет за вториот протокол меѓу Македонија и Бугарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Уставен суд оформи предмет за вториот протокол меѓу Македонија и Бугарија
МАКЕДОНИЈА

Уставен суд оформи предмет за вториот протокол меѓу Македонија и Бугарија

Објавено August 13, 2025 17:28
Сподели
Сподели

Уставниот суд соопшти дека е формиран предметот УЗ. 44/2025 во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија донесен на 17.07.2022 година во Софија.

Во тек е претходна постапка во која се испитуваат податоците и известувањата потребни за донесување на одлука.

Подносител на иницијативата: Лилјана Поповска. Во наводите во иницијативата се вели дека со Протоколот е прекршен член 8 став 1 алинеја 1, 2 и 11 од Уставот и тврди дека има несоодветна форма и содржина, дека излегува надвор од рамките на правен акт кој обработува еден член од Договор меѓу две земји и произведува штетни дејствија врз идентитетските прашања за македонскиот народ, јазик и држава. Според наведеното во иницијативата Протоколот е во спротивност со Уставот, бидејќи не е ратификуван во Собранието, не е објавен во дадениот уставен рок во „Службен весник на Република Северна Македонија”. Дополнително, се тврди дека е во спротивност со членовите 6-16, 19, 20 и 26 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори бидејќи не е почитувана процедурата за негово договарање, усвојување од страна на Владата и потпишување.

Подносителката бара поништување на Протоколот и наведува дека поништувањето е издржано согласно Виенската конвенција за договорното право (1969) со која е овозможено поништување во случај кога е во спротивност со императивната норма на општото меѓународно право, што таа го толкува и во овој случај.

Во иницијативата е наведено дека Протоколот не е полноправен акт потврден од Параламентот туку останува само записник од состанок на Меѓувладина комисија.

Се тврди дека за разлика на процедурата спроведена во Република  Македонија која ја оценува како како нетранспарентна и со пропусти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Ако имало криминал во Агенцијата задолжена за„Еразмус“, требало СДСМ да го расчисти кога беше на власт
Следна Статија Студентите во блокада во Србија најавија собири за вечерва во Белград и во многу градови во државата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Управниот суд го поништи како незаконит изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, која е известителка за предметот за законот за јазиците

„Уставниот суд остана без еден уставен судија, откако Управниот суд го поништи изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска од 2023…

May 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски и Коцевски потпишаа Протокол за подобрување на соработката помеѓу МВР и Јавното обвинителство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Јавниот обвинител на Македонија Љупчо Коцевски денеска потпишаа нов Протокол за соработка помеѓу…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Откриени нови уникатини камени гробници на Маркови Кули

Пет нови камени гробници во карпа дооткрија археолозите од прилепскиот Завод и музеј при заштитните архелошки истражувања на локалитетот „Крклари“…

June 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дел судии и обвинители не ја заслужуват ниту оваа плата, ќе ги зголемиме платите во судско-обвинителската служба, најави Мицкоски

На цела македонска јавност и стана јасно дека не зборуваме за суштински во судството и обвинителството, туку зборуваме за зголемување…

September 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?