Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уставен суд поведе постапка за Методологијата за Пописот 2021
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Уставен суд поведе постапка за Методологијата за Пописот 2021
МАКЕДОНИЈА

Уставен суд поведе постапка за Методологијата за Пописот 2021

Објавено March 12, 2025 17:53
Сподели
Сподели

Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи да поведе постапка за оспорените одредби од Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година.

Како што соопштија од Судот, мнозинството судии оспорените одредби ги стави под сомнеж за нивната законитост а преку тоа и нивната уставност, бидејќи основано се појави сомнеж дали директорот на Државниот завод за статистика имал законски основ за донесување на оспорените одредби односно дали ги пречекорил своите овластувања и без законски основ во подзаконски акт уредувал (materia legis) законска материја.

Доколку во втората фаза, како што велат од Судот, се потврди сомнежот тоа би значело повреда на правната сигурност како фундаментален принцип на владеењето на правото и повреда на начелото на поделба на власта, бидејќи се ставил во улога на законодавец.

Подносителот на иницијативата Скендер Реџепи смета дека содржината на Методологијата има категории на населението за кои ќе се обезбедат податоци со пописот, односно категорија „вкупно резидентно население” и „вкупо нерезидентно население”, што не се предвидени во членот 6 став 1 алинеја 1, или пак со член 17 став 2 алинеја 1 од Законот за попис на населението не е предвидено директорот на Заводот за статистика да предвидува посебни категории.

Според подносителот со оспорените одредби се повредува владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок и се создава правна несигурност.

Дополнително, подносителот во иницијативата наведува дека е повредена еднаквоста на граѓаните како уставно загарантирана со членот 9, бидејќи само поради фактот дека некој граѓанин не се наоѓа во државата додека се вршел Пописот, му се скратуваат одредени права, меѓу кои и правото на вработување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прилепчанец нападнал медицинска сестра додека му пружала помош
Следна Статија „Од тато не барај пари, тој не нè сака, мама душата ќе ја даде“ му рекла Вања на Палчо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Поради манифестации за Бадник дел од улиците во Скопје утре ќе бидат затворени

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен утре на подрачјето на град Скопје каде по повод Христијанскиот празник Бадник  ќе се…

January 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Владата организира меѓународна конференција за пожарот во Кочани

Владата во Скопје ќе организира меѓународна конференција на 14 март, посветена на трагедијата во Кочани, за како што велат да…

March 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска поднесе оставка

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска поднесе оставка. Таа во образложението кое го доставила до собранието вели дека оставката е поради…

December 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството да постапи по изјавите на хирургот Митрев, мафијашки упади се случуваа, вели премиерот

„Не сум изненаден, знаевме какви мафијашки упади се случуваа, особено кога се носеа вонредни состојби и со уредби на сила…

January 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?