Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уставниот суд го одби барањето на Апасиев против поранешниот претседател на Собранието
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Уставниот суд го одби барањето на Апасиев против поранешниот претседател на Собранието
МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд го одби барањето на Апасиев против поранешниот претседател на Собранието

Објавено April 9, 2025 15:47
Сподели
Сподели

Уставниот суд го одби барањето на лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев поднесено против поранешниот претседател на Собранието Талат Џафери, кој, како што е наведено во барањето, сторил повреда на правото на политичко дејствување. 

Апасиев во барањето наведува дека му се повредени уставно-загарантираните права, бидејќи претседателот на Собранието одбил да ја проследи иницијативата за распишување на дополнителен референдум до надлежните собраниски работни тела за прибавување мислење за уредноста на иницијатива и ја прогласил за неуредна.

Во барањето се наведува дека претседателот на Собранието го повредува и правото на забрана на дискриминација по основ на политичка припадност, па така подносителот бил доведен во нееднаква и понеповолна положба споредено со останатите политички субјекти.

Станува збор за Предлог-барање за покренување граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување задолжителен дополнителен референдум кој требало да овозможи понатамошно непречено собирање на уставно предвидените 150.000 граѓански потписи за распишување референдум со следното прашање: Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци бр. 08-3238/1 од 16 јули 2022 година. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Определен притвор од 30 дена за директорот на Геријатрија
Следна Статија Златна палма за животно дело за Роберт де Ниро во Кан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Одлуката за зголемување на инвестициите во одбраната ќе значи нова, модерна и софистицирана опрема за Армијата

На денешната сесија на Самитот на НАТО во Хаг, донесовме одлука за зголемување на инвестициите во одбраната кои ќе значат…

June 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Второ пријавување за упис во средните училишта, слободни над 16 000 места

Полуматурантите кои на првото пријавување во јуни не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026, денеска имаат втора можност…

June 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Секоја држава мора да го постави својот модел на развој, а најсилни ќе бидат оние што ќе изградат силни локални заедници

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на Меѓународната конференција за регионален развој која се одржа во Општина Гевгелија и имаше свое…

July 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Болката е преголема, не е за ситни политички поени, темата да ја оставиме на политичките глодари и лешинари, кажа Мицкоски за трагедијата во Кочани

Ве молам болката е преголема, се уште сите ја чувствуваме. Ве молам таа тема да ја оставиме на политичките глодари…

July 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?