Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уставниот суд се прогласи ненадлежен на предлог законот за независните кандидати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Уставниот суд се прогласи ненадлежен на предлог законот за независните кандидати
МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд се прогласи ненадлежен на предлог законот за независните кандидати

Објавено July 1, 2025 17:01
Сподели
Сподели

Во врска со барањeто на независните кандидати од десет општини Уставниот суд да реагира на новиот Предлог-закон за измени на Изборниот законик, претседателот Дарко Костадиновски испрати писмен допис во кој нагласи дека како институција можат да ја ценат уставноста на законите, но не и на предлог-законите.

-Со оглед дека вашето барање се однесува на оценување на уставноста на Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка, ве известувам дека Уставниот суд, согласно со Уставот и Актот на Судот, е надлежен да ја цени уставноста на законите, а не на предлог- законите. Следствено на ова, Уставниот суд, од аспект на апстрактната контрола, е надлежен да ја цени уставноста и законитоста на позитивното право, односно на општите прописи и општите акти што се дел од правниот поредок и нивната уставност и законитост во време на нивното важење.

Неспорно е дека согласно со член 13 и 91 од Актот на Судот, Уставниот суд го следи остварувањето на уставноста, законитоста и слободите и правата на човекот и граѓанинот утврдени со Уставот и по свое наоѓање може да усвои посебен извештај во кој ќе укаже на потребата за преземање мерки за нивно остварување и заштита и ќе го достави до надлежниот орган, односно врз основа нa претходно добиени податоци и известувања Уставниот суд може да донесе посебно решение со кое ќе утврди дека неговата одлука не е извршена и ќе го извести надлежното јавно обвинителство, како и органот што го именувал или избрал раководителот на органот или телото кое не ја извршило одлуката на Судот. Но, во однос на вашето барање за усвојување на посебен извештај за Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка, ве известувам дека Уставниот суд извештај од аспект на член 13 од Актот на Судот може да усвои исклучиво за закон кој е дел од правниот поредок”, стои во реакцијата на Костадиновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Електронски свидетелства од наредната учебна година
Следна Статија (ФОТО) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сашо Мијалков времениот отпуст од затвор го тера во Монте Карло, објави Вечер.мк

Се врти видео на порталите и социјалните мрежи дека Сашо Мијалков со Ферари од 700.000 евра е во Монте Карло……

January 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: СДС преку тајните служби креираа мастер план во три чекори да се забрани политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ

Мастер план во три чекори е криериран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел…

September 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Советот на јавни обвинители даде негативно мислење по предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски

Советот на јавни обвинители даде негативно мислење по предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. За…

April 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет…

February 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?