Под влијание на стабилна воздушна маса, во наредните денови не очекува суво и стабилно време.
Како што прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи, од утре утринската температура ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има појава на магла.
Врнежите што ја зафатија земјава, денеска попладне насекаде ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Во западните делови од државава до крајот на денов ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, а во источните слаб ветер од променлив правец.Температурите ќе бидат во пораст.
Планинските котлини и источниот регион наутро ќе бидат свежи (понекаде до 0 °C), но попладнињата ќе се искачуваат до 18–21 °C, а за викендот најтопло ќе биде во Пелагонија, Скопската Котлина и југоистокот до 21 °C.