Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Утре е Велики четврток, ден кога се вапсуваат велигденските јајца
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Утре е Велики четврток, ден кога се вапсуваат велигденските јајца
ЗАБАВА

Утре е Велики четврток, ден кога се вапсуваат велигденските јајца

Објавено April 8, 2026 17:21
Сподели
Сподели

Утре е Велики четврток, ден кога се вапсаат велигденските јајца. Сега се наоѓаме во средината на Страдалната седмица, седмица која е полна со важни настани за спасението на човекот.

Главен обичај што се изведува на овој ден и со посебно внимание е вапцувањето на велигденските јајца. Според обичајот најпрвин се вапсувале три јајца, а потоа и другите. Се верува дека првото јајце било наменето на Господ и се викало Господово јајце, второто на домаќинот – главата на семејството, а третото на стоката и бериќетот. Особено повеќе обичаи и верувања се поврзани со јајцето првак за кое се верува дека има волшебна моќ. Тоа подоцна стои пред иконата, со него се враќа облак, се лекуваат болести кај луѓето и стоката, тоа заштитува од пожар, гром и сл.

Јајцата ги вапсува домаќинката рано наутро пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направело подоцна јајцата ќе се засмрдат. Вапцани пред да ги види сонцето, овие јајца, особено првакот, не се расипуваат и по неколку години. Кога ги вапсува јајцата домаќинката мора да има нешто јадено или да има каснато барем еден залак леб, зашто ако тоа го прави на гладно срце, јајцето може да ја разбие, да се разболи или да е несреќна, а и таа ако го разбие тоа ќе ја загуби магиската моќ.

Насекаде во Македонија, на Велики четврток, рано пред изгрејсонце, првото јајце се става во сито и се обесува на дирекот од куќата или на друго место спроти сонце за да го видат првите сончеви зраци. Во некои краишта во ситото ставаат едно во други две или три јајца. Исто така, во некои краишта во ситото ставале и жито, некаде и срп за богат бериќет или сукало. Ситото било покривано со црвен машки појас или со друга ткаенина но секогаш со црвена боја.

По вапсувањето на јајцата, но пак рано пред изгрејсонце, домаќинката го земала јајцето првак и на децата, уште додека биле во постела, им минувала три пати по лицето зборувајќи: „Црвено, бело, дебело“ или: „Црвено бело здраво и живо“, што значи да се дебели како јајцето, но и црвени во образите, што е ознака за здравје и напредок.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ивана пријавила на 112 дека Стојанче не ја пушта дома и дека во станот чува дрога, а операторот ѝ рекол да ги бара куќниот совет или пожарна
Следна Статија Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

Виена веќе не е најдобриот град во светот за живеење. По три години на врвот на годишната листа на „Економист…

June 18, 2025
ЗАБАВА

Три знаци кои ќе имаат најдобра недела

Оваа недела започнува со енергија на убавина, обновување и поврзување. Венера влегува во Вага, нејзиниот дом, носејќи чувство на хармонија,…

October 12, 2025
ЗАБАВА

Принцот Ендрју, братот на кралот Чарлс се откажа од сите титули по низа скандали поврзани со неговото име

Принцот Ендрју, братот на кралот Чарлс, се согласил да се откаже од сите свои титули, вклучително и онаа на војвода…

October 18, 2025
ЗАБАВА

Тунелите во Лондон се нова туристичка атракција- таму бил „роден“ Џејмс Бонд (ВИДЕО)

Лондонските тунели од Втората светска војна, кои го инспирирале Иан Флеминг да го создаде Џејмс Бонд, ќе станат музеј посветен…

May 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?