Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Утре е голем христијански празник, а ова се обичаите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Утре е голем христијански празник, а ова се обичаите
МАКЕДОНИЈА

Утре е голем христијански празник, а ова се обичаите

Објавено April 6, 2026 15:05
Сподели
Сподели

Свето Благовештение, попознат и како Благовец — христијански празник. Се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април. Неговото народно именување е Благовец, Благоец, Блошчојне, Благостене, Благовден, Половина Велигден, Блошчење, Кукувден. Свето Благовештение е Богородичен празник, односно еден од празниците посветени на Пресвета Богородица.

На овој ден Гаврил се јави во архангелска светлина и ѝ рекол на Марија дека е одредена од Бога да го роди Спасителот. Во чест на таа блага вест што ангелот и ја пренесол на Света Дева Марија, црквата го востановила празникот Свето Благовештение, што се празнува точно девет месеци пред Божиќ.

Легендата вели дека еднаш кога покрај прозорецот Света Дева Марија го читала Светото писмо, во Книгата на пророкот Исаија прочитала дека „Девица ќе зачне и ќе роди син и ќе му го дадат името Емануил”, возбудено помислила дека кога би знаела која е таа девојка би и служела до крајот на животот. Во тој момент до неа долетал ангелот Гаврил кој и соопштил дека таа е девојката одредена од Бога што ќе го роди Спасителот: „Радувај се благодетна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените; и ете ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш син и ќе го крстиш со името Исус. Он ќе биде голем и ќе се нарече син на Севишниот и ќе му го даде Господ Бог престолот од неговиот татко Давида и ќе царува над домот Јаковов секогаш и царството негово нема да има крај“.

 

Поради тоа, Благовец е благ ден. Тогаш се верува дека и раната не боли. Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот и други. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег. Исто така, се верува дека ако наутро гладен како што се вели на гладно срце слушнеш некоја од овие птици ќе те разбие и не ќе имаш напредок во годината. Затоа луѓето веднаш по станувањето каснувале барем еден залак леб. На Благовец саделе тикви зошто верувале дека тиквите садени на овој ден ќе бидат многу благи. Во некои краишта, овој ден се поврзува со излегувањето на змиите од дупките при што се верува дека змиите никогаш не касаат на Благовец.

 

Во Радовишко ако луѓето ја чуеле кукавицата откако нешто ќе каснеле сметале дека тие ја „пребиле“ па трипати ќе и викнеле: „Чух те -пребих те”. Во Дебрца ако некого го разбила кукавицата на Благовец, тој и враќал на Ѓурѓовден, кога ќе излезел пред сонце над селото и трипати ќе и викнел: „Куку, куку, кукајце, кукајце, ти мене ме разби, сега јас те разбив“…. Во Тетовско на овој ден на девојчињата им се дупнуваат ушите и се ставаат првите обетки. Според верување, со ова се намалува болката, т.е. таа е блага.

Кузман Шапкарев забележал дека во Охрид на Благовец саделе тикви, зошто верувале дека тиквите садени на овој ден ќе бидат многу благи, додека пак Ефтим Спространов забележал дека во Охрид се сметало за греота ако човек не касне риба на тој ден, макар да излижат некоја коска, ама „да се облажет со рибино“. Воопшто, иако овој празник се наоѓа на крајот од Велигденските пости, на овој ден е дозволено и препорачливо да се јаде рибино месо. Некаде, тоа се правело за здравје, а на други места, сиромашните купувале риба за да си дозволат богата трпеза на овој ден. Во Виница на овој ден традиционално се одржува фестивалот на медот.

 

 

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија РКЕ донесе одлука: Ова се новите цени на горивата во Македонија
Следна Статија ЕУ почнува преговори за укинување на роаминг трошоците за Западен Балкан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денеска е голем празник, три пати треба се измиете со света црковна вода

Православните христијани денеска ќе го празнуваат Светиот цар Константин и неговата мајка Елена. Царот Константин Велики и неговата мајка царицата…

June 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Отец Бобан: Света Петка била и останува блескав пример за сите христијани, поучувајќи ги да застанат на правиот пат

Православните христијани утре го празнуваат споменот на Света Петка, поточно Преподобната Параскева (Петка) Епиватска. Култот на Света Петка е широко…

October 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Екс претседателот Иванов стана Почесен доктор на науки на Универзитетот во Текирдаг

Поранешниот Претседател на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов учествуваше на 28. Евроазиски економски самит во Истанбул, организиран од Фондацијата…

May 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дукоски за Фрчкоски: Човечка амеба, ултра искомплексирана, до небо

Откако во јавноста беше објавено дека Љубомир Фрчкоски е обвинет за злоупотреби на мисијата на ООН, се огласи адвокатот Сашко…

May 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?