Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Утре е Младенци- наместо прослава младите може да го одбележат со молитва
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Утре е Младенци- наместо прослава младите може да го одбележат со молитва
МАКЕДОНИЈА

Утре е Младенци- наместо прослава младите може да го одбележат со молитва

Објавено March 21, 2025 21:52
Сподели
Сподели

Утре е Четириесет Севастиски маченици – Младенци.

Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите да слават Младенци. На тој ден, во црква се носат свеќите од венчавката за да се догорат.

Во денови на жалост, традиционалното собирање и прослава треба да изостане. Наместо тоа, младенците утре можат да го одбележат празникот со молитва.

Инаку, 22 март младите брачни парови го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.

Житијата за Светите четириесет маченици како и повеќето народни преданија за нив меѓусебно малку се разликуват, но во сите се зборува дека четириесетте војници од Севастија маченички загинале не откажувајќи се од христијанската вера. Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонството, а кога тоа го одбиле биле затворени, мачени и изведени пред суд. Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се предомисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале страдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што смрзнувала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.

Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на војниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измрзнатите војници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги запалиле.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приходот од билетите од натпреварот Пелистер- Вардар ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите во Кочани
Следна Статија „Ју-ту“ ќе добијат почесно членство на британската Академија „Ајвор“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Илинден: Ова е дел од една сериозна, системска трансформација на јавното здравство

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на свечено отворање на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – амбуланта Илинден, во населеното…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Привршува истрагата за Онкологија, вештачењето во Србија ги потврдило сомнежите за несоодветно лекување пациенти

Истрагата за случајот Онкологија привршува, а вештачењето спроведено во Србија ги потврдило сомнежите за несоодветно лекување на пациентите, информира Обвинителството.…

December 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Министерство за правда достави допис до Влада за предлог разрешување на Коцевски

Министерството за правда , постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата одржана на 11.02.2025 година презеде активности и подготви…

February 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Иселениците почнаа да се враќаат, тоа е резултат на новите политики на Владата,вели министерката за образование

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска изјави дека првите статистички податоци веќе покажуваат прилив на иселеници кои се…

April 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?