Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Утре е празник на девојките: Ноќта пред Иванден се плетат венци, а ова се адетите за зачнување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Утре е празник на девојките: Ноќта пред Иванден се плетат венци, а ова се адетите за зачнување
ЗАБАВА

Утре е празник на девојките: Ноќта пред Иванден се плетат венци, а ова се адетите за зачнување

Објавено July 6, 2025 18:32
Сподели
Сподели

Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност, празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител.

Во очи празникот жените плетат венчиња од цвеќе и навечер ги ставаат пред влезната врата. Ако венец од иванското цвеќе осамне на празникот пред куќата, се верува дека семејството ќе го заштити од сите тешкотии.

Свети Јован, кого утре го празнуваме, познат бил како тревар, бидејќи живеел скромно и се хранел со она што се наоѓа во природата. Овој голем празник познат е по иванското цвеќе од кое се плетат венчињата. Верувањето вели дека воочи Иванден треба да се набере јовановата трева и во неа да се вплете ајдучка трева, мајчина душица, вртика и лук, а сето тоа да се врзе со црвен конец. Наместо црвен конец некои вплетуваат црвено цвеќе, од кое се е поубаво.

Венчето се закачува вечерта пред Иванден за да ве чува од се лошо.

Се верува дела и водата на има волшебна моќ, па многумина се бањаат во реки и езера.

За Иванден велат дека е празник на девојките бидејќи младите жени палат ивански огнови, берат цвеќе и трева, пеат и плетат венци, а се разидуваат во самата зора.

Се верува дека жените кои не можат да родат треба да се провлечат низ венец од јованова трева, а потоа да се избањаат во река, како од себе би си го измила урокот. Ако жената неколку пати неуспешно забременила на овој ден посетувала лица со име Станка или Стана, ако тие биле повеќе одела во секоја куќа, земале снопчиња трева од венецот и правеле свој венец. Со него на глава се капеле во реката и верувале дека ќе им успее следната бременост.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски ги открива трите крупни проекти кои ќе ги реализираат заедно со „новиот градоначалник Ѓорѓиевски“
Следна Статија Земјоделците се незадоволни од откупните цени на јачменот и пченицата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Мицкоски се сретна со славниот тенор Доминго

По првата проба од затворен карактер со Оркестарот на Националната опера и балет, веднаш по слетувањето во Скопје, шпанскиот тенор…

March 13, 2025
ЗАБАВА

Mitot za restoranot što навистина е вистинит (И е голем црвен flag)

Постојат безброј митови за ресторани кои можат да се игнорираат. Меѓутоа, празните ресторани се навистина показател на сериозен предупредувачки знак.

December 1, 2025
ЗАБАВА

Цеца никогаш позгодна

Цеца Ражнатовиќ објави фотографии од одморот на Кипар каде што има куќа. На нив се гледа дека Цеца ја има…

March 4, 2025
ЗАБАВА

Никол Кидман и Кит Урбан се разведуваат по 19 години брак

По 19 години брак, дојде крајот на љубовта за еден од најпознатите холивудски парови, Никол Кидман и Кит Урбан. Извор…

September 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?