Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Утре е празник на девојките: Ноќта пред Иванден се плетат венци, а ова се адетите за зачнување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Утре е празник на девојките: Ноќта пред Иванден се плетат венци, а ова се адетите за зачнување
ЗАБАВА

Утре е празник на девојките: Ноќта пред Иванден се плетат венци, а ова се адетите за зачнување

Објавено July 6, 2025 18:32
Сподели
Сподели

Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност, празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител.

Во очи празникот жените плетат венчиња од цвеќе и навечер ги ставаат пред влезната врата. Ако венец од иванското цвеќе осамне на празникот пред куќата, се верува дека семејството ќе го заштити од сите тешкотии.

Свети Јован, кого утре го празнуваме, познат бил како тревар, бидејќи живеел скромно и се хранел со она што се наоѓа во природата. Овој голем празник познат е по иванското цвеќе од кое се плетат венчињата. Верувањето вели дека воочи Иванден треба да се набере јовановата трева и во неа да се вплете ајдучка трева, мајчина душица, вртика и лук, а сето тоа да се врзе со црвен конец. Наместо црвен конец некои вплетуваат црвено цвеќе, од кое се е поубаво.

Венчето се закачува вечерта пред Иванден за да ве чува од се лошо.

Се верува дела и водата на има волшебна моќ, па многумина се бањаат во реки и езера.

За Иванден велат дека е празник на девојките бидејќи младите жени палат ивански огнови, берат цвеќе и трева, пеат и плетат венци, а се разидуваат во самата зора.

Се верува дека жените кои не можат да родат треба да се провлечат низ венец од јованова трева, а потоа да се избањаат во река, како од себе би си го измила урокот. Ако жената неколку пати неуспешно забременила на овој ден посетувала лица со име Станка или Стана, ако тие биле повеќе одела во секоја куќа, земале снопчиња трева од венецот и правеле свој венец. Со него на глава се капеле во реката и верувале дека ќе им успее следната бременост.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски ги открива трите крупни проекти кои ќе ги реализираат заедно со „новиот градоначалник Ѓорѓиевски“
Следна Статија Земјоделците се незадоволни од откупните цени на јачменот и пченицата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Принцот Џорџ откри што сака да биде кога ќе порасне

Принцoт Џорџ е идниот крал на Велика Британија, кој ќе ја наследи круната по неговиот татко Вилијам. Но, ако се…

October 12, 2024
ЗАБАВА

Пи Диди е страв и трепет во затворот во Бруклин: Сите го избегнуваат, многу е моќен

Шон Комбс, раперот попознат како Пи Диди со години имал голема моќ во забавната индустрија, а наводно сè уште ја…

October 10, 2024
ЗАБАВА

Внукот на Слободан Милошевиќ нема контакт ниту со тетката ниту со полусестрата

Марко Милошевиќ, внук на Слободан Милошевиќ изјави дека неговата полусестра Марија  Милошевиќ престојувала во Србија во 2018 година на покана…

April 3, 2026
ЗАБАВА

(ФОТО) Маск сака да направи Тесла лимузина за Трамп: „Се разбира отпорна на куршуми“

Сопственикот на Тесла, Илон Маск, на социјалната мрежа Икс ги праша своите следбеници дали треба да направи Тесла лимузина. Тој…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?