Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УХМР: Исклучително високи водостои на река Вардар во горниот дел од течението, како и на река Треска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > УХМР: Исклучително високи водостои на река Вардар во горниот дел од течението, како и на река Треска
МАКЕДОНИЈА

УХМР: Исклучително високи водостои на река Вардар во горниот дел од течението, како и на река Треска

Објавено February 15, 2026 22:00
Сподели
Сподели

Податоците од хидролошките станици низ земјава укажуваат на сеуште исклучително високи водостои на река Вардар во горниот дел од течението, како и на река Треска каде сè уште има опасност од излевање на реките. На останатите реки во западните делови каде имаше регистрирано зголемувања, водостоите се во постепено опаѓање кое се очекува да продолжи и до крајот на денот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на вечерва и ноќва ќе се задржи високиот водостој во горниот тек на река Вардар и на река Треска каде, од УХМР, предупредуваат на внимателност.

-Поради големите води и брзини на течење на водата во рена Треска можат во опасност да бидат дел од времените мостови по течението на реката – предупредува УХМР.

На истокот од земјата состојбата е мирна и единствено посериозно зголемување на водостојот имаше во крајниот долен дел од сливот на река Струмица како резултат на зголемените притоки во тој дел каде имаше обилни врнежи изминатиов ден.

Од УХМР информираат дека во текот на ноќта и утре изутрина се очекува зголемување на водостојот на река Вардар во средниот дел од течението и предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолиците низ земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во 23 часот почнува „Ол старот“
Следна Статија Рубио пристигна во Будимпешта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МОН: Отворена можноста за пријавување студенти за сместување во студентски домови со слободни места

Министерството за образование и наука известува дека од денеска е отворена можноста за пријавување студенти за сместување во студентски домови…

October 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски единствен од лидерите од регионот на инаугурацијата на Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски ќе биде единствен лидер од Балканот кој ќе пристуствува на инаугурацијата на претседателот на САД Доналд Трамп…

January 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Падна кран во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, објавуваат повеќе медиуми. Кранот, како што пишуваат, е срушен врз…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Велика Сабота – денот што ги спојува распнувањето и радоста

Велика Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение. Денешниот ден, Велика Сабота, според христијанското учење…

April 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?