УХМР со детална прогноза – еве какво време нè чека неделава

- Advertisement -

УХМР информира дека до петок ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилно, со пороен дожд и грмежи наместа во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и засилен ветер.

Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во недела се очекуваат нови врнежи од дожд.

Сподели ја оваа статија