Ученик претепан од малолетници, префрлен е во болница

- Advertisement -

На 30.05.2025 година во 13:05 часот во СВР Тетово Г.Ш. од Тетово, пријавил нарушување на јавниот ред и мир во дворот на тетовско средно училиште.

Според пријавата, нивен малолетен ученик, бил физички нападнат од четворица малолетници ученици од друго средно училиште. Претепаното момче било префрлено во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот

Сподели ја оваа статија