Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уште еден американски авион се урна над Ормуз
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Уште еден американски авион се урна над Ормуз
СВЕТ

Уште еден американски авион се урна над Ормуз

Објавено April 4, 2026 09:03
Сподели
Сподели

Уште еден борбен авион на американските воздухопловни сили се урна  во регионот на Персискиот Залив, изјавија двајца американски функционери за „Њујорк тајмс“.

Функционерите изјавија дека единствениот пилот бил безбедно спасен откако напаѓачкиот авион „А-10 Вортог“ се урна во близина на Ормускиот теснец.

Иранската агенција тасним  соопшти дека авионот, всушност бил соборен од одбранбените системи на земјата.

Инцидентот наводно се случил приближно во исто време кога бил соборен ловецот „Ф-15Е“. Еден од двајцата членови на екипажот на тој авион е пронајден и е кај американските сили, додека потрагата по другиот продолжува.

Непотврдени извештаи сугерираат дека американскиот пилот е заробен од иранските воени сили.

Според дописникот на агенцијата Тасним од западен Иран, врз основа на одредени информации, пилотот се катапултирал и слетал на земјата.

Постојат индиии дека Американците, верувајќи дека пилотот можеби е жив, се обиделе да го извлечат од Иран. Сепак, некои извори велат дека пилотот најверојатно бил заробен од иранските сили.

Во меѓувреме, „Волстрит џорнал“ пишува дека Иран им соопштил на САД преку посредник дека во овој момент не сака да се состане за да разговара за евентуално примирје.

Пораката доаѓа откако земјите во регионот, вклучувајќи го и Пакистан, се согласија да посредуваат за примирје меѓу САД и Иран и споменаа евентуална средба во Исламабад. Во извештајот на ВСЏ се наведува дека Иран ги смета американските барања за примирје за „неприфатливи“.

Порано оваа недела, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека земјата ќе прифати само траен прекин на непријателствата, а не прекин на огнот. Тој додаде дека Техеран сè уште не одговорил на мировниот предлог од 15 точки што го испратија САД пред една недела.

Иранската новинска агенција Фарс објави, повикувајќи се на неименуван извор, дека Техеран го отфрлил американскиот предлог за 48-часовно примирје.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Неисправен автобус возел двојно повеќе деца од дозволеното на булевар „Борис Трајковски“
Следна Статија Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници – празници предвесници на Велигден

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Четворица загинати во серија лавини на северот од Италија

Четири лица загинале, а неколку се повредени во серија лавини на северот од Италија. Во алпскиот регион Валтелина, лавина погодила…

February 8, 2026
СВЕТ

Харис: Го признавам поразот, но не се откажувам од борбата за слободата и идеалите

Потпретседателката на САД и демократска кандидатка на изборите, Камала Харис, не успеа да и’ обезбеди победа на својата партија, а…

November 7, 2024
СВЕТ

Марк Карни ќе го замени Трудо како премиер на Канада

Поранешниот гувернер на централната банка Марк Карни победи во трката за лидер на канадската владејачка Либерална партија и ќе го…

March 10, 2025
СВЕТ

Орбан: Европејците избраа војна, Унгарија мора да каже „не“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека војната претставува голем ризик за Унгарија, бидејќи, како што рече, „за разлика од…

January 31, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?