Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уште еден случај на мачење животни – возач врзал мачка на својот автомобил | ВИДЕО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Уште еден случај на мачење животни – возач врзал мачка на својот автомобил | ВИДЕО
ХРОНИКА

Уште еден случај на мачење животни – возач врзал мачка на својот автомобил | ВИДЕО

Објавено March 4, 2025 15:18
Сподели
Сподели

На социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа возило, а од неговиот заден дел виси мачка. Видеото се споделува од граѓаните и граѓанските активисти со осуда за мачење на животното. Од Секторот за внатрешни работи денеска информираат дека работат на расчистување на случајот.

-Откако на социјални мрежи се појави снимката со возилото, полициски службеници од СВР Штип преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на настанот, се вели во пишаниот одговор од СВР-Штип.

Од граѓанската иницијатива „Ние за благосостојба на животните/We for Animal Welfare“ информираат дека веќе доставиле пријава до Министерството за внатрешни работи по електронски пат, заедно со видеата.

-Во текот на денешниот ден истата пријава ќе биде доставена и во хартиена форма до архивата на Секторот за внатрешни работи во Штип. Дополнително, ќе биде доставена и кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за овој случај, велат од граѓанската иницијатива Ние за благосостојба на животните.

Нагласуваат дека од  видеото не може точно да се процени во каква состојба е мачката, но како што посочуваат, независно од тоа ова е еден од честите примери на мачење животни на ваков начин (со врзување и влечење за возило).

-За сличен случај, во судската пракса веќе постои пресуда од Основниот суд (К-506/22) во Гостивар за лицето Ѓ.Д., кое под исти околности влечело животно – куче, врзано за своето возило, по што му нанело тешки повреди. Не постои разумно, ниту логично објаснување зошто некој би го сторил ова, па оттука ваквите дејствија несомнено имаат обележја на кривичното дело „Убивање и мачење животни“ и против сторителот или сторителите треба да се покрене кривична пријава по службена должност, велат од иницијативата Ние за благосостојба на животните.

Посочуваат дека од информациите со кои располагаат  видеото е снимено во текот на вчерашниот ден, на патот Штип-Неготино кон планината Серта. Сторителот засега не им е познат, но сметаат дека надлежните институции лесно можат да дојдат до идентитетот на лицето, со оглед на тоа што на видеото се гледа бројот на регистарските таблички.

https://www.instagram.com/reel/DGx0_ntiAQI/?igsh=MWpiMWNmN2h2bWFocA==

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пратеник од српската опозиција испрска пратеничка од власта која е бремена
Следна Статија Binance го започнува Traders Boot Camp со награден фонд од 1 милион долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Васко Ковачевски недостапен за полицијата, во септември ја напуштил државата

Васко Ковачевски, екс директор на ЕСМ и други тројца осомничени за тежок криминал во РЕК Битолa се недостапни за полицијата.…

December 10, 2024
ХРОНИКА

Фрлил експлозивна направа пред куќа во Прилеп

На 22.12.2024 во 20.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 19.30 часот на ул.„Поп Аврамија” во Прилеп било…

December 23, 2024
ХРОНИКА

Дарлишта од ДУИ во обид за бегство од полицијата, фатен на Долно Блаце

Бујар Дардишта од ДУИ не успеа да биде како Артан Груби, уапсен е при обид за бегство на граничниот премин…

December 18, 2025
ХРОНИКА

Канабис, луксузна облека, цигари запленети на граничните премини – спречен влез на мигранти

Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење 14 семки од канабис и 0,5 грама масло од канабис, коишто американски државјанин…

July 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?