Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Уште само еден ден до неисполнување на ветувањата на Мицкоски за Реформската агенда“, велат од СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > „Уште само еден ден до неисполнување на ветувањата на Мицкоски за Реформската агенда“, велат од СДСМ
ПОЛИТИКА

„Уште само еден ден до неисполнување на ветувањата на Мицкоски за Реформската агенда“, велат од СДСМ

Објавено May 30, 2026 12:37
Сподели
Сподели

СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски не ги исполнил обврските што ги презел во рамките на Реформската агенда и дека со приближувањето на 1 јуни станува јасно дека уште едно негово ветување останува нереализирано.

Од партијата потсетуваат дека Мицкоски ветил целосно исполнување на точките од Реформската агенда и на обврските поврзани со продолжување на европскиот пат на државата, но, според нив, тие ветувања не се реализирани.

Во соопштението СДСМ наведува дека нема спроведени реформи, ниту активности за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски и негово враќање на издржување затворска казна.

Од партијата го обвинуваат Мицкоски дека претходно ги довел во заблуда граѓаните со ветувања поврзани со името на државата, Преспанскиот договор, како и прашањата за македонскиот јазик, идентитетот и културата.

Според СДСМ, од десетте точки на Реформската агенда досега се реализирани само две и тоа нецелосно. Како особено важна ја посочуваат обврската за внесување на малцинствата во Уставот, оценувајќи дека без тој чекор државата не може да продолжи со евроинтегративниот процес.

Од СДСМ сметаат дека без исполнување на оваа обврска нема да има напредок во преговорите со Европската Унија, отворање нови поглавја, пристап до дополнителни европски фондови и можности за побрз економски развој.

Партијата го повика Мицкоски да ги внесе малцинствата во Уставот или, како што наведуваат, јавно да соопшти дека не поддржува членство на државата во Европската Унија.

Воедно, од СДСМ обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ја води државата кон изолација, тврдејќи дека причината за тоа е избегнувањето на европските стандарди, независното судство и механизмите за борба против корупцијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полната Месечина носи пресврти, важни одлуки и нови почетоци за сите знаци
Следна Статија М-НАВ: Нема никакви потешкотии и проблеми во авиосообраќајот, се шират лажни вести за личен бенефит

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

До 15:30 часот гласале 5 385 болни или немоќни лица и 810 кои издржуваат казна затвор или притвор

Непречено и без никакви проблеми и недоследности се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување…

October 18, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ во иста коруптивна матрица

Опозициската СДСМ отвори афера за сомнителен тендер од 1,2 милиони евра во „Македонска пошта“, доделен на фирма поврзана со советник…

December 29, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт

За да е нападнат нечиј кредибилитет, судијата треба да има кредибилитет. А Добрила Кацарска го изгуби во времето кога судеше…

November 21, 2025
ПОЛИТИКА

Андреевски: Центар беше најубавото место за живеење, мора да се врати духот на општината

Горан Андреевски, кој јавноста го знае како кошаркарски тренер е носител на советничката листа во Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ. Тој…

September 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?