Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП апелира граѓаните да ја проверат својата даночна пријава за 2024-та година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП апелира граѓаните да ја проверат својата даночна пријава за 2024-та година
ЕКОНОМИЈА

УЈП апелира граѓаните да ја проверат својата даночна пријава за 2024-та година

Објавено May 2, 2025 16:05
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните најдоцна до крајот на месец мај да направат увид во генерираните ДЛД-ГДП кои се однесуваат за остварените приходи во 2024 година, а се поставени на нивните кориснички профили на системот „е-Даночни услуги“. Секој кој е регистриран на системот „е-Даночни услуги“, велат од УЈП, има обврска во својот кориснички профил, најдоцна до 31.05.2025 година, да ја потврди или да ја коригира годишната даночна пријава доколку е потребно да се направи корекција!

-Управата за јавни приходи информира дека во законскиот рок заврши со генерирање на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за 2024 година. Изгенерирани се 841.671 даночна пријава за 2024 година, што претставува раст од 6%, односно 47.947 повеќе генерирани даночни пријави за минатата година споредено со 2023 година, кога беа генерирани 793.724 пријави. Ги повикуваме граѓаните најдоцна до крајот на месец мај да направат увид во генерираните ДЛД-ГДП кои се однесуваат за остварените приходи во 2024 година, а се поставени на нивните кориснички профили на системот „е-Даночни услуги“. Секој кој е регистриран на системот „е-Даночни услуги“ има обврска во својот кориснички профил, најдоцна до 31 мај 2025 година, да ја потврди или да ја коригира годишната даночна пријава доколку е потребно да се направи корекција! По истекот на овој законски рок потврдените и годишните даночни пријави кои не се потврдени ниту се коригирани ќе се сметаат за конечни, додека коригираните даночни пријави ќе треба да се одобрат од страна на службено лице од Управата за јавни приходи, појаснуваат од УЈП.

Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава, Управата за јавни приходи ќе донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2024 година. Кај обврзниците во чија ДЛД-ГДП се појавува обврска за доплата на данок, по истекот на рокот за потврдување и коригирање, ќе се генерира налог за доплата со фолио број и истиот ќе биде содржан на третата страна во печатењето на даночна пријава (PDF документот). Обврзниците во чија ДЛД-ГДП се појавува повеќе платен данок, имаат можност во самата пријава да искажат барање за враќање на данокот.

Управата за јавни приходи, апелира до граѓаните кои оствариле доход во земјава или странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид на доход и сè уште не се регистрирани на системот е-Даночни услуги, за да ги исполнат своите обврски за пријавување и плаќање на данок, истото да го сторат во најкраток можен рок. За дополнителни информации околу исполнувањето на обврските за пријавување на доход, плаќање и враќање на данок можете да се обратите на info@ujp.gov.mk, или на некој од контакт телефоните во Контакт центарот 02 3253 200 или на 0800 33 000 само од фиксни оператори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Осум повредени во пожарот во Кочани се враќаат од лекување во Турција, Бугарија и Словенија
Следна Статија Островот Бали остана без струја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Германците ќе можат да работат и по пензионирањето за 2.000 евра месечно

Германската влада одобри нацрт-закон со кој се поттикнува работа по пензионирањето, што би им овозможило на оние пто ќе одлучат…

October 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

САД и Кина го одложија меѓусебното воведување високи царини за 90 дена

Соединетите Американски Држави и Кина одлучија да ги одложат царините за уште 90 дена, додека американските трговци на мало се…

August 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во добра кондиција

Полнењето на државната каса се одвива подобро од планираното. Извршувањето на буџетот оди според очекувањата. Биле собрани повеќе приходи во…

April 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поранешен извршен директор на Google: Вештачката интелигенција ќе ги земе работните места на сите

Мо Гавдат, поранешен директор на Google X, лабораторијата за иновации на компанијата Google, вели дека вештачката интелигенција речиси сигурно го…

August 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?