Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП ги повика трговците со горива да ги усогласат фискалните системи согласно владината одлука
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП ги повика трговците со горива да ги усогласат фискалните системи согласно владината одлука
ЕКОНОМИЈА

УЈП ги повика трговците со горива да ги усогласат фискалните системи согласно владината одлука

Објавено March 23, 2026 18:43
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи (УЈП) ги повика трговците на мало со моторни горива навремено да извршат усогласување на фискалните системи, ценовниците и фактурирањето согласно последната владина одлука со која ДДВ за горивата се намали од 18 на 10 отсто. Целта, како што велат од УЈП, е правилна пресметка, евидентирање и прикажување на повластената стапка на ДДВ од 10 проценти.

„Согласно одлуката на Владата, во периодот од 24 март (00:01 часот) до 6 април (24:00 часот) 2026 година ќе се применува повластена даночна стапка на прометот на горивата од 10 отсто. Сите засегнати субјекти да постапуваат согласно прописите и да придонесат кон транспарентно и законито работење во интерес на граѓаните и економијата“,велат од УЈП додавајќи дека примената на оваа мерка мора да биде доследна и согласно законските одредби.

Од Управата за јавни приходи најавија засилени контроли во текот на следниот период и додаваат дека за сите евентуални неправилности ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

Владата вчера донесе вонредна одлука за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата од 18 на 10 отсто. Одлуката ќе стапи во сила денеска на полноќ, односно на 23 кон 24 март и ќе трае во наредните две недели.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Погоден главниот штаб на Исламската револуционерна гарда
Следна Статија Eве што и оставил Тито на Јованка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Над 1000 производи во новогодишната кошничка, инспекција ќе врши мониторинг

Се е подготвено за утрешниот старт на мерката новогодишна кошничка која треба на граѓаните да им донесе производи со пониски…

December 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Џејми Караматиќ е новиот генерален директор на Рудник САСА

Од 19 септември, Џејми Караматиќ официјално ја презеде функцијата генерален директор на рудникот за олово и цинк САСА од Македонска…

September 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Доделени наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба по повод Светскиот ден на штедењето

Во Народната банка се одржа традиционалната свеченост по повод доделувањето на наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба за…

December 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Загрижувачка состојба во исполнување на ДДВ обврските

Управата за јавни приходи соопшти дека заклучно со 25 јули годинава евидентирана е загрижувачка состојба во однос на исполнувањето на…

July 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?