Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП: Загрижувачка состојба во исполнување на ДДВ обврските
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП: Загрижувачка состојба во исполнување на ДДВ обврските
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Загрижувачка состојба во исполнување на ДДВ обврските

Објавено July 29, 2025 18:30
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи соопшти дека заклучно со 25 јули годинава евидентирана е загрижувачка состојба во однос на исполнувањето на обврските поврзани со данокот на додадена вредност (ДДВ).

Според последните податоци, не се поднесени ДДВ-пријави од 142 месечни и 2.134 тримесечни обврзници. Пријавен, но неплатен ДДВ-долг е евидентиран кај 1.326 месечни и 7.748 тримесечни обврзници, наведуваат од УЈП.

Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, порачува дека непочитувањето на законскиот рок е сериозен прекршок.

Сите обврзници кои не поднеле ДДВ-пријава и/или не го платиле ДДВ-долгот се повикуваат итно да постапат согласно законските прописи. Даночната дисциплина не е избор, туку законска обврска и одговорност на секој граѓанин и компанија — темел за функционална држава – вели Петрова.

Од УЈП поосчуваат дека веќе се доставени персонализирани известувања до сите ДДВ-обврзници кои имаат пријавен, а ненаплатен долг за соодветниот даночен период. Преку координирано постапување и интензивна комуникација со даночните обврзници и со сметководителите, се спроведува целосен сет активности и мерки — со цел да се избегнат блокади на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата.

За секој ден на задоцнување, се пресметува камата во износ од 0,03% од преостанатиот долг. По доставата на опомените, ќе се пристапи кон присилна наплата кај сите обврзници кои нема да го подмират долгот доброволно, укажуваат од УЈП

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од денеска изменет сообраќаен режим на мостот „Влајко“
Следна Статија Обвинителство: Шоферот на Заев со запален факел се обидел да предизвика голема имотна штета, претходно се заканувал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Менаџерскиот тим на М-НАВ: Македонското небо не смее да се ”затвори”

Менаџерскиот тим на М-НАВ реагира до јавноста околу најавите за штрајк и „затворањето на небото“ на 20 и 24 октомври.…

October 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Nvidia не инвестира 100 милијарди долари во OpenAI поради проценката на компанијата

Извештајот на WSJ открива дека Nvidia сака да нагласи дека нема да биде целосно зависна од OpenAI

February 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Казни и до 20.000 евра, по Нова година стартува Законот за нефер трговски практики

Законот за нефер трговски практики официјално стартува од 1 јануари 2025 година, а овој Закон треба да ги среди односите…

December 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Просечната нето-плата во мај 45.796 денари

Просечната исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 45 796 денари што е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец…

July 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?