Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП: На 17 март завршува рокот за поднесување образец ДЛД-ДБ и образец Б
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП: На 17 март завршува рокот за поднесување образец ДЛД-ДБ и образец Б
ЕКОНОМИЈА

УЈП: На 17 март завршува рокот за поднесување образец ДЛД-ДБ и образец Б

Објавено March 12, 2025 18:09
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи ги информира вршителите на дејност, односно обврзниците регистрирани како трговец поединец, физичките лица кои се занимаваат со земјоделска, со занаетчиска дејност и лицата кои вршат услуги или слободно занимање, кои остваруваат доход од вршење на дејност утврдена согласно член 19 од Закон за данок на личен доход, дека се наближува крајниот рок за поднесување на Годишен даночен биланс (образец „ДЛД-ДБ“) и Биланс на приходи и расходи (образец„Б“).

Даночниот период за кои се утврдуваат вкупните приходи и вкупните расходи во работењето на даночниот обврзник е една календарска година. Доколку даночниот обврзник вршел самостојна дејност за период пократок од една календарска година, за даночен период се смета периодот од годината во кој обврзникот ја вршел дејноста.

Обрасците „ДЛД-ДБ“ и „Б“ задолжително се поднесуваат до Управата за јавни приходи по електронски пат, преку системот е-даночни услуги https://e-ujp.ujp.gov.mk, најдоцна до 17-ти март 2025 година (со оглед на тоа што 15-ти се паѓа во неработен ден) за доходот остварен во претходната, како и до Централниот регистар на РСМ.

За дополнителни информации или поддршка во врска со подготовката и поднесувањето на обрасците „ДЛД-ДБ“ и „Б“, обратете се до Контакт центарот на УЈП на:

е-пошта: info@ujp.gov.mk

телефон: 0800 33 000; 02/ 3253 200

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од 2 април мора да имате електронска дозвола за патување во Обединетото Кралство
Следна Статија (ВИДЕО) Пронајден брод кој исчезна пред повеќе од 130 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Цените на становите за 15 години се зголемени за над 54 отсто, но се уште се атрактивни за купување

Цените на становите во Македонија бележат значителен раст во изминатите години, но и покрај тоа, тие сè уште се пониски…

January 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од денеска исплатите од Буџетот транспарентно ќе се објвавуваат во посебна база за буџетски трошоци во изборен период

Министерството за финансии согласно одредбите од Изборниот законик од денеска на својата веб-страница ќе ги објавува буџетските исплати во посебна…

August 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Почна изградбата на фабриката на „Шахтерм“ во ТИРЗ Скопје, првична инвестиција од 25 милиони евра и 200 работни места

Со поставување камен темелник денеска беше означен стартот на инвестицијата на турската компанија за произведство на грејачи и отпорници за…

May 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Досега префрлени 84 милиони евра од унгарскиот кредит кон Македонската развојна банка, голем е интересот кај компаниите

Вкупно 84 милиони евра од унгарскиот кредит се префрлени кон Македонската развојна банка, а интересот кај компаниите е многу поголем…

April 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?