Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Објавено March 31, 2026 17:59
Сподели
Сподели

Во врска со објавените написи во дел од медиумите во кои се наведува дека студентите се „на удар“ на Управата за јавни приходи и дека им се бара плаќање данок за летна работа во Германија за период од последните пет години, Управата за јавни приходи цели кон транспарентно информирање на јавноста и студентите со цел да се избегнат несоодветни толкувања на нејзините активности.

УЈП не наметнува нови обврски, ниту бара исполнување на обврски кои не се законски регулирани. Активностите на Управата за јавни приходи се насочени кон воспоставување ред во оданочувањето и правилна и еднаква примена на законските правила за сите даночни обврзници.

Пристапот на УЈП не е насочен само кон присилно спроведување на законските одредби, туку пред сè кон поттикнување доброволно пријавување и плаќање на даноците, преку јавно и персонализирано појаснување на законските обврски.

Во однос на оданочувањето на доход остварен во странство, УЈП во изминатиот период на својата веб-страница објави повеќе појаснувачки материјали, вклучително информации, одговори на најчесто поставувани прашања, видео-упатства и потсетувања за законските рокови.

Дополнително, во два наврати беа испратени персонализирани известувања до сите граѓани кои во 2025 година оствариле доход од работа во странство, со цел тие навремено, многу пред истекот на законскиот рок, да бидат информирани за обврската за пријавување на остварениот доход. Во оваа категорија спаѓаат и студентите кои оствариле доход преку краткотрајна работа во странство.

Со овие активности никој не е „на удар“, туку станува збор за мерки насочени кон подигање на свеста за законските обврски и обезбедување поддршка за нивно правилно и навремено исполнување.

УЈП во повеќе наврати потенцира дека не може да има двојно оданочување на ист доход и дека законите и меѓународните договори прецизно утврдуваат во која држава се плаќа данокот. Сепак, секој резидент на Република Северна Македонија има обврска да го пријави доходот остварен во странство и да влезе во неговата даночна пријава, бидејќи тоа е значајно за остварување на права и обврски пред различни институции.

Важно е сите граѓани, а особено младите луѓе, да ги разбираат своите обврски и да ги исполнуваат навремено, бидејќи само на тој начин се гради општество засновано на еднакви правила, владеење на правото и правична даночна распределба.

Во таа насока, УЈП повторно информира за законските обврски. Имено, согласно Законот за данокот на личен доход, секое физичко лице македонски даночен резидент има обврска да пријави и плати данок на доходот остварен како во земјата, така и од странство.

За резидент се смета лице кое има постојано живеалиште или кое престојува на територијата на државата повеќе од 183 дена во кој било 12 месечен период. Ова значи дека лицата кои имаат постојано живеалиште во земјава, како и на оние на кои средиште на животни интереси (економски интереси, поблиско семејство) им е во земјава, се сметаат за македонски даночни резиденти.

Согласно законските одредби, доход од работа претставува секој доход остварен по основ на работен однос, вклучително и доход од привремени и повремени ангажмани во странство.

Владата на Република Македонија има склучено Договор со Владата на Сојузна Република Германија за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал, објавена во “Сл.весник на РМ” број 86/06 со примена од 01.01.2011 година, со кој се уредува правото на оданочување меѓу земјите договорнички како и постапката на обегнување на двојно оданочување.

Физичките лица – студенти кои оствариле доход од краткотрајна работа во Германија, со работа таму во период пократок од 183 дена се македонски даночни резиденти и имаат обврска:

•да го пријават доходот преку системот е-даночни услуги,

•да поднесат електронска пресметка најдоцна до 10-ти во месецот за доходот остварен во претходниот месец.

За вака остварениот доход од работа во Германија, согласно Законот и меѓународниот договор данокот се плаќа во Македонија.

Во пресметката задолжително се внесуваат податоци за државата од која е остварен доходот, датумот на прилив, износот и валутата. По одобрување на пресметката од страна на Управата за јавни приходи, даночниот обврзник добива налог за плаќање, а утврдениот данок треба да се плати најдоцна до 15-ти во месецот.

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија.

За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсена екс црногорска директорка позната по секс скандалот – возела со 202 километри на час
Следна Статија Алказар Енерџи отвора јавна консултација за значајниот проект за ветерниот парк во Штип

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Нацевска: Народната банка спроведе реформи за развој на финансиските пазари со видливи резултати

Народната банка (НБ) посветено работеше во изминатиот период и спроведе значајни реформски процеси за поставување на домашните финансиски пазари. И…

May 18, 2025

Трамп вели дека знае кој ќе биде нов претседател на Федералниот резервен систем

По прашања од новинарите дали станува збор за Кевин Хасет, Трамп со насмевка одговорил: "Нема да ви кажам."

December 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Влада: Економијата е нашиот приоритет – Буџетот за 2025 година ветува повисоки плати, инвестициски бум, силен економски развој

Владата денеска преку соопштение порача дека економијата е нејзиниот приоритет и оти буџетот за 2025 година ветува повисоки плати, инвестициски…

December 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

„Магна“ со нова фабрика во Штип

Премиерот Христијан Мицкоски најави нова странска инвестиција во Штип. Како што изјави денеска, оваа недела ќе почне со работа производниот…

March 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?